Пингелап е атол и општина во сојузната држава Понпеј во Микронезија. Атолот е составен од три острови: Пингелап, Сукору и Даекаје. Островите се поврзани со гребен и во средината има лагуна. Населен е само островот Пингелап. Целиот атол има вкупна површина од 1.8 км2. Населението на атолот зборува на пингелапски јазик, кој го зборуваат околу 250 жители.
Наводи
Поврзано Микронезија Понпеј
Категорија:Острови во Понпеј Категорија:Општини во Понпеј