Викторија Гаго (вистинско име Климентина Голабоска - Савевска; родена во , ) — македонска писателка.
Животопис Гаго е родена како Климентина Голабоска на 4 август 1951 година во Струга. Пишувала под името на својата баба по татко. Дипломирала право на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. По завршувањето на студиите, таа се вработила во Основниот суд Струга и работела како судија, почнувајќи од 1986 година. Првиот нејзин роман бил „Сатурн се враќа“, која го објавила летото 2001. Вториот нејзин роман „Допир до вистината“ бил објавен во 2003 година. Со првите два романа, таа конкурирала за наградата за роман на годината за 2001 и 2003 година, што ја доделувал весникот „Утрински весник“.
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место
Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Струга Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски судии Категорија:Југословенски судии Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје