Мати Брешел (; р. во Балеруп) — дански професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата .

Кариера Јуниорска кариера

Тој го имал неговиот пробив со малата данска екипа Тим ПХ, завршувајќи шести на Светското велосипедско првенство под 23 години во Верона во 2004, каде му помогнал на сонародникот Мадс Кристенсен, кој завршил трет. Исто така го освоил бронзениот медал на данското национално друмско првенство во текот на летото во 2004.

Тим ЦСЦ (2005–2010) 2005

Станал професионалец во сезоната 2005 за данската екипа , каде потпишал двегодишен договор. На конференцијата за печат, во врска со неговиот избор за приклучување на Тим ЦСЦ во октомври 2004, изјавил дека едноставно сакал да се прилагоди на ограничувањата на професионалниот велосипедизам, велејќи „Се надевам на влезот во екипата, но во почетокот само сакав да ја научам играта и трките. Некаде каде што знам дека ќе бидам послаб.“Мати Брешел потпиша за CSC од CyclingNews.com, 21 октомври 2004 Под раководство на искусниот ветеран Ларс Микаелсен,„Matti i mester- lære“, Ekstra Bladet, 10 декември 2004 Брешел ја започнал сезоната на Трката околу Катар, каде двајцата возачи завршиле еден до друг, Брешел ја споделил конечната победа со Микаелсен. Тие возеле заедно голем број на класици и помали трки и Брешел во многу од нив завршил на второто место, без победи.

2006

На почетокот на сезоната 2006, повторно се појавил на Трката околу Катар, завршувајќи како најдобар млад возач на трката, веќе втора година по ред. Покажал добра форма во март со третото место на Ле Самин, каде бил победен единствено од Филип Жилбер во масовен спринг на групата и неколку дена подоцна со второто место на етапата 2 на Три дена Западна Фландрија, каде бил веднаш зад спринтерот од светска класа Роби Мекјуан. За третата и последна етапа на трката, Брешел спринтал повторно против Мекјуан, каде победникот ќе го преземел генералниот пласман, овојпат не успеале и двајцата, бидејќи доживеала пад. Брешел ги скршил пршлените на две места, а Мекјуан ја напуштил трката.Повредениот Брешел го обвинува Мекјуан од CyclingNews.com, 6 март 2006

2007

Се вратил спремен во 2007 и го освоил импресивното 14. место на Париз-Рубе, каде неговиот совозач Стјуарт О‘Грејди победил. По опоравувањето ја освоил неговата прва победа како професионалец на етапата 2 на Трката околу Данска во август 2007. Ова било прва данска етапна победа во петте години возење на оваа национална турнеја.

2008

Во 2008 дошла неговата најдобра сезона и го имал неговиот меѓународен пробив, кога на 8 јуни 2008 го освоил Меѓународното првенство Филаделфија, исто така познато како Меѓународно првенство Комерс Бенк во Филаделфија, каде ги отспринтал сите кандидати за победа во не толку масовен спринт по долгата и тешка трка. Неколку недели подоцна, однел уште една импресивна победа, кога ја освоил втората етапа на Стер Електротур, етапа која завршувала на страшниот Кауберг и исто така го освоил бодовниот пласман. Ја одржал неговата добра форма во текот на сезоната и бил на второто место на Данското друмско првенство, единствено победен од неговиот совозач Ники Серенсен. Во август освоил две етапи на Трката околу Данска и исто така водел во генералниот пласман до крајниот хронометар, кога паднал на петтото место.

По многу импресивната сезона, врвот за младиот возач пристигнал на 21 септември, кога ја освоил последната етапа на Вуелта а Еспања во Мадрид на многу убедлив начин, откако неколку дена претходно бил втор на етапата 17 на трката. Само една недела подоцна, Брешел возел извонредно на Светското велосипедистичко првенство, каде завршил трет и го добил бронзениот медал.

2009

Брешел ја имал најдобрата сезона на калдрмисаните класици во 2009 година. Успеал да заврши шести на Трката околу Фландрија и деветти на Париз-Рубе. Во јуни станал национален друмски првак и освоил етапи на Тур де Свис, Волта а Каталуња, Трката околу Луксембург и Трката околу Данска. Успеал да заврши втор на Класикот Ватенфал.

2010

Во текот на сезоната 2010, Брешел возел добра на класиците на кладрма, но страдал од лоша среќа. Брешел ја освоил Дварс дор Вландерен и постигнал добри резултати на Гент-Вевелгем и Трката околу Фландрија, но доживеал механички дефекти на двете трки.

Рабобанк (2011–2012)

Потпишал за за сезоните 2011 и 2012. На Париз-Рубе 2012 бил спречен од повреда на коленото. Меѓутоа, една недела претходно завршил деветти на Трката околу Фландрија. Исто така, успеал да се качи на подиум на Гент-Вевелгем.

Брешел го напуштил на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на со двегодишен договор од сезоната 2013.

Саксо-Тинкоф (2013–2015)

При неговото враќање во поранешната екипа Тим ЦСЦ, Брешел успеал да освои четири етапи на Трката околу Данска - две во 2013 и во 2015 година. Исто така, освоил две етапи и генералниот пласман на Трката околу Луксембург.

Канондејл (2016)

Брешел потпишал за за сезоната 2016.http://www.cyclingnews.com/news/breschel-joins-cannondale-garmin-in-2016/ Возел на Тур де Франс, но ја напуштил трката на етапата 14 по пад. Негови најдобри пласмани во сезоната биле петтото место на ГП Кантон Аргау и шестото место на Хејстсе Пејл.

Астана (2017)

Брешел немал најдобра година во Астана и неговиот најдобар резултат бил 12. место на Дварс дор Вландерен, трка која претходно ја освоил во 2010 година.

ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак (2018–денес)

Брешел се вратил во екипата по една година во боите на . Завршил деветти на влажната етапа 5 на Париз-Ница. На Милано-Санремо, Брешел спринтал за 12. место.

Достигнувања

2001 1. 20п Национален друмски првак под 19 години 2003 6. Трка околу Фин 2004 1. Џиро дел Кававезе под 23 години 1. Етапа 2 Рингерике ГП 6. Светско друмско првенство под 23 години 6. Париз-Рубе под 23 години 2005 2. Краен пласман Трка околу Катар 2006 3. Краен пласман Три дена Западна Фландрија 3. Ле Самин 6. Краен пласман Трка околу Катар 7. Класик Ридинг 2007 1. Етапа 2 Трка околу Данска 1. Етапа 2 Трка околу Ирска 2008 1. Меѓународно првенство Филаделфија Трка околу Данска 1. Етапа 2 1. Етапа 3 1. Бодовен пласман 1. Етапа 21 Вуелта а Еспања 1. Етапа 2 Стер Електротур 3. 15п Светско друмско првенство 2009 1. 20п Национално друмско првенство Трка околу Луксембург 1. Етапа 4 1. Бодовен пласман Трка околу Данска 1. Етапа 1 1. Бодовен пласман 1. Етапа 4 Тур де Свис 1. Етапа 2 Волта а Каталуња 2. Ватенфал Класик 3. Краен пласман Трка околу Ирска 1. Пласман за млад возач 6. Трка околу Фландрија 7. Светско друмско првенство 10. Париз-Рубе 2010 1. Дварс дор Вландерен Трка околу Данска 1. Етапа 3 1. Бодовен пласман 2. 15п Светско друмско првенство 8. Гент-Вевелгем 2012 1. Етапа 3 Вуелта а Бургос 3. Гент-Вевелгем 9. Трка околу Фландрија 2013 3. Краен пласман Трка околу Данска 1. Етапа 2 1. Етапа 3 8. Гран при Квебек 9. Ватенфал Класик 2014 1. 20п Краен пласман Трка околу Луксембург 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 2 1. Етапа 3 4. Светско друмско првенство 2015 6. Е3 Харелбеке 7. Ватенфал Класик 8. Краен пласман Трка околу Данска 1. Етапа 3 1. Етапа 4 1. 20п Бодовен пласман 10. Краен пласман Тур де Валони 2016 5. ГП ди кантон д’Аржови 6. Хејстсе Пејл 2018 3. Јапонски куп

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка200720082009201020112012201320142015201620172018 20п Џиро119—————СО————— 20п Тур———142—————СО—— 20п Вуелта—4868—СО159——————

Распоред на резултатите на класиците

Монумент20052006200720082009201020112012201320142015201620172018Милано-Санремо119 —603913411 —3173 —12 —2312Трка околу ФландријаСО —СО57615 —925СО73СО3298Париз-Рубе58 —14209СО — —15 —97 —9935Лиеж-Бастоњ-Лиеж — — — — — — — — — — — — — —Џиро ди Ломбардија — — — — —СО — —49 — — — — —Класици20052006200720082009201020112012201320142015201620172018Омлоп Хет Ниусблад —27 —1343676 —30 — — — —1989Курне-Брисел-Курне — — —10917СО —123 — — — —8840Страде Бјанке — — —252011 — — — — — — — —Дварс дор Вландерен43 —6118 —1 — — — —12 —12 —Е3 ХарелбекеСО —77733СО —1152 —6 —СО —Гент-Вевелгем17 —8520158 —31372СОСОСО —Класика де Сан Себастијан — — — — — —12 —86 — — — — —Класик Ватенфал — —15 —2СО — —9197 —31 —Париз-Тур17 —10717 —25 —СО —14СО — — —

Распоред на резултатите на првенствата

Настан20042005200620072008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 15п Олимписки игри друмска трка— colspan="3" — colspan="3" 42 colspan="3" — colspan="2" 20п Светски првенства хронометар——————————————— друмска трка——— СО372— СО СО4 33 СО—— 20п Национални првенства хронометар———————————————друмска трка33——21— ——47—1444—

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Профил на Cycling Base

Категорија:Родени во 1984 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Дански велосипедисти Категорија:Дански етапни победници на Вуелта а Еспања Категорија:Етапни победници на Тур де Свис Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012 Категорија:Олимписки велосипедисти на Данска