Махатир бин Мохамад (малајски: Mahathir bin Mohamad, 10 јули 1925) — малезиски политичар кој бил четвртиот и седмиот премиер на Малезија. Премиерската функција ја држел во свој раце цели 22 години во периодот помеѓу 1981-2003 година. Неговата политичка кариера траеше речиси 40 години.

Се родил и израснал во градот Алор Стар во Кедах. Махатир се школувал и станал доктор по медицина. Меѓутоа започнал да се занимава со политика и бил активен деец на Обединетата малајска национална организација (ОМНО), најголемата малезиска политичка партија. Во 1964 година влегол во парламентот, но дошол во судир со тогашниот премиер Тунку Абдул Рахман и бил исклучен од ОМНО. По оставката на Тунку Абдул Рахман се вратил во ОМНО и парламентот, а подоцна влегол во владата. Во 1976 година бил назначен за заменик премиер, а во 1981 година, по оставката на Хусеин Он, бил инаугуриран во премиер.

За време на неговиот премиерски мандат, Малезија започнала брза модернизација и економски развој на Малезија, а неговата влада иницирала серија на храбри инфраструктурни проекти. Махатир бил доминантна политичка фигура, освојувајќи пет последователни политички избори и наметнувајќи се над своите соперници за водство на ОМНО. Сепак, неговата акумулација на власта била на сметка на независното судство, традиционалните сили и привилегиите на кралските семејство во Малезија. Мохамад врз основа на контроверзниот Закон за внатрешна безбедност ги ограничил политичките активности на нерелигиозните личности (кои според погледите на Махатир Мохамад не биле погодни за политичка дејност во една исламска Малезија) и политичките противници, вклучувајќи го и неговиот поранешен заменик премиер, Анвар Ибрахим. Тој се залагал за ограничување на граѓанските слободи и бил антагонистички насочен против дипломатските и економските интереси на САД, Велика Британија и Австралија, поради што Малезија била во лоши односи со овие држави. Како премиер, тој бил поборник за развој на третиот свет и презел разни меѓународни активности, како што е поддршка за антиапартхејдското движењето во Јужна Африка како и промовирање на интересите на Бошњаците во 90-тите години на 20 век за време на Босанската војна.

Махатир Мохамад по повлекувањето од премиерската функција останал политички активен, ја критикувал политиката на својот наследник Абдула Бадави и го поддржал неговиот заменик Наџиб Разак. Познат е по својата критика на западните држави, западната цивилизација и нејзините вредности Судирот на цивилизациите и преобликување на светскиот поредок, Семјуел Ф. Хантингтон, Скопје, Евро-Балкан пресс, 2010. По пензионирањето од функцијата премиер на Малезија, Махатир сè уште се смета за еден од највлијателните водачи во Источна Азија, земјите во развој и Движењето на неврзаните земји .

Рани години Потекло thumb|лево|180px|Малајамини|десно|280п|Поглед кон Захировата џамија во Алор Стар Махатир Мохамад е роден на 10 јули 1925 година во Алор Стар, главниот град на државата Кедах, тогаш Британска Малаја . Неговиот татко, Мохамад има мешано малајско - индиско потекло, а неговата мајка Ван Темпаван била Малајка.

Делумното немалајското потекло на Мохамад е одлика на шесте малезиски премиери, меѓутоа тој од нив се разликува бидејќи не потекнувал од истакнато верско, аристократско или политичко семејство .

Неговиот татко бил директор на училиште, а поради нискиот социо-економски статус, неговите ќерки не биле во можност да се запишат во средно училиште. Неговата мајка имала далечни врски со членовите на кралското семејство од Кедах.

Неговите родители имале претходни брака, а од нив Махатир имал шест полубраќа и сестри, а од бракот на неговите родители имал двајца браќа и две сестри .

Школување и докторска кариера мини|десно|280п|Владиното англиско училиште, денес колеџ Султан Абдул Хамид мини|лево|180п|Махатир (седи десно) со своите соученици во 1940 година. Махатир Мохамад бил вреден ученик. Неговиот татко му наметнал дисциплина и мотивација за учење и оттука тој покажувал мал интерес кон спортот. Поради своите способности бил примен во селективниот англиски колеџ, каде што го усовршил својот англиски јазик, кој започнал да го изучува во основното училиште.

По затворањето на училиштето од страна на Јапонците во текот на нивната окупација на Малаја за време на Втората светска војна, Мохамад започнал мал бизнис, најпрво продавал кафе, а подоцна и други закуски .

По војната, го завршил средното училиште со високи оценки и се запишал на Колеџот за медицина - крал Едвард VII во Сингапур (денес дел од Националниот универзитет на Сингапур) . Во колеџoт, ја запознал својата идна сопруга, Сити Хасмах Мохамад Али, негова колешка по медицина.

По дипломирањето и пред бракот со Сити Хасмах во 1956 година, работел како лекар во државна служба. Mеѓутоа, следната година се вратил во родниот град Алор Стар и отворил приватна пракса, каде што бил првиот градски малајски лекар. Таму,изградил голема куќа и инвестирал во различни бизниси, меѓу другото вработил Кинез како возач на неговиот Понтијак Каталина, наспроти то ашто повеќето шофери во тоа време биле Малајци . Во 1957 година, Махатир Мохамад и Сити Хасмах го добиле своето прво дете - Марина, а во следните 28 години тие зачнале уште три деца, а уште три посвоиле .

Рана политичка активност Први чекори мини|лево|150п|Тунку Абдул Рахманмини|280п|Колеџот за медицина - крал Едвард VIIмини|десно|280п|Нередите од 13 мај 1969 г. Махатир Мохамад со политичка активност започнал да се занимава кон крајот на јапонската окупација на Малаја, а подоцна учествувал во протестите против доделување на државјанство на немалезијците во Малајската Унија . Додека се школувал во Сингапур, учествувал во дејност за афирмација на Малезијците при медицинскиот колеџ. Во овој период, Махатир објавил статии под псевдонимот "C.H.E. Det" во The Straits Times и во еден студенски весник, а во нив ги промовирал малајските права и побарал враќање на малајскиот како службен јазик .

Како лекар во Алор Стар, Махатир станал активен во Обединетата малезиска национална организација (Pertubuhan Kebangsaan Melayu Bersatu), а во 1959 година кога се одржале првите избори за независна малајска држава, бил претседател на партијата во Кедах . Поради несогласувањата со тогашниот премиер Тунку Абдул Рахман, не бил кандидат на изборите од 1959 година, а по прогласувањето на независноста, Махатир го критикувал договорот на Абдул Рахман со кој британските и комонвелтските сили останале во Малаја. Абдул Рахман од своја страна се спротивставил на Махатировиот предлог за воведување на минимални образовни квалификации за кандидатите на ОМНО. Поради лошите односи со Абдул Рахман за краток период се повлекол од политичката активност, меѓутоа во 1964 година учествувал на изборите и бил избран во федералниот парламент како претставник на Алор Стар . Махатир влегол во парламентот за време на турбулентен и насилен период, кога се поставило прашањето за Сингапур, како една од државите на Малезија и неговото економско моќно кинеско население. Махатир Мохамад ја нападнал сингапурската Народна акциона партија за "прокинеска" и "антималајска" политика, а нејзиниот водач Ли Куан Ју го нарекол "арогантен". Набргу Сингапур бил исклучен од Малезија .

На следните парламентарни избори во 1969 година, Махатир бил поразен од Јусуф Рава од Панмалезиската Исламска Партија и не влегол во парламентот Tan & Vasil, p. 51. Во голема мера политичкиот поразот на Махатир се должел на кинеските гласачи кои ја откажале својата поддршка за ОМНО и гласале за претставниците на исламската партија . По изборите, главно политичко прашање било односите помеѓу Малезиците и Кинезите.

На 13 мај 1969 година избувнале судири меѓу двете етнички групи во кој загинале стотина луѓе. Пред самите избори, Махатир истакнал дека е можно да дојде до етнички судири во малезиското општество и отворено ја критикувал владата, испратил писмо до премиерот Абдул Рахман во кое посочил дека тој не може да ги брани малајските интереси, а кога со писмото се запознала јавноста, го повикал Абдул Рахман да даде оставка . Кон крајот на годината, Махатир бил исклучен од ОМНО и нејзиниот Врховен совет, а Абдул Рахман се двоумел дали да издаде наредба за негово апсење .

Малајска дилема

мини|лево|150п|Корица на книгата Малајска дилема Махатир се повлекол од активна политичка дејност, меѓутоа во 1970 година ја напишал и објавил својата прва книга под наслов Малајска дилема (The Malay Dilemma), која во многу аспекти е контроверзна. Во неа, Махатир ја анализира историјата и политиката на Малезија (врз расна основа) и поставил неколку принципи:

Во книгата, Махатир тврди дека треба да се постигне баланс во политиките на Малезија, односно да не се дозволи во економијата да доминираат Кинезите, а од друга страна Малезиците да бидат изложени на релативна конкуренција која ќе им овозможи со текот на времето да се ослободат од некои свои негативни одлики како што е избегнувањето на напорната работа, а истовремено да се создадат нови вредности, Малезиците да "ја ценат реалната вредност на парите и сопственоста" .

Махатир во својата книга ја продолжил критика против владеењето на Абдул Рахман и таа набргу била забранета. Забраната била укината во 1981 година кога Махатир ја извршувал премиерската функција . Авторите Р. С. Милн и Дајана К. Маузи тврдат дека немилосрдните напади на Махатир врз владата на Абдул Рахман биле главната причина за неговото пропаѓање и последователната оставка во 1970 година .

Враќање во политиката Министер за образование мини|десно|280п|Газали Шафие, Хусеин Он и Махатир Во 1970 година, Абдул Рахман поднел оставка од премиерската функција и бил заменет од Абдул Разак Хусеин. Новиот премиер го охрабрил Махатир да се врати во ОМНО и во 1973 година го именувал за сенатор . Во 1973 година, Махатир се вратил во Врховниот совет на ОМНО, а во 1974 година бил поставен за министер за образование во владата на Разак. Исто така се вратил и во Претставничкиот дом, по изборите од 1974 година кога бил избран за претставник на Кедах .

Една од неговите први мерки како министер за образование била воведување на поголема владина контрола врз универзитети во Малезија и покрај силното противење од академската заедница . Махатир ја ограничил политичката активност во универзитетските кампуси и вршел притисок врз студентите и академиците кои биле политички активни, а од друга страна доделувал стипендии за студентите кои не биле политички активни .

Борба за сукцесија мини|десно|280п|Прес-конференција на Врховниот совет на ОМНО Во 1975 година, Махатир се кандидирал за едно од трите потпретседателски места во ОМНО. Натпреварот за потпретседателските места всушност биле борба за сукцесија на водството во партијата, помеѓу Разак и неговиот заменик, Хусеин Он, чие здравје било лошо. Секој предложен кандидат на Разак бил избран: Гафар Баба, Тенгу Разалеиг Хамзах и Махатир.

Следната година, Разак починал и бил заменет од Хусеин Он. Новиот премиер требало да го избере својот населедник за заменик-премиерската функција помеѓу тројцата потпретседатели на ОМНО, а во игра бил амбициозниот министер Газали Шафие. Сите соперници на Махатир имале политички слабости: Газали немал поддршка од членовите на ОМНО, Гафар немал високо обаразование и не го познавал доволно англискиот јазик, Разалеиг бил млад и неискусен. Меѓутоа, одлуката на Хусеин Он не била лесна.

Хусеин и Махатир не биле блиски сојузници, а Хусеин знаел дека изборот на Махатир Мохамад би предизвикал незадоволсто кај Абдул Рахман, кој сè уште бил жив и бил почитуван како татко на независна Малезија. По шест недели на неодлучност, Махатир бил назначен за заменик на Хусеин, односно наследник на премиерската функција .

Заменик премиер