Зајак - животно од редот глодачи.

Видови зајаци Зајакот-дупкар спаѓа во редот зајакообразни цицачи и во семејството зајаци, во која се вбројува и обичниот зајак. Домашните видови настанале од дивиот зајак-дупкар. Потекнува од Европа, но денес го населува целиот свет, освен на Антарктикот и некои острови во Југоисточна Азија. Се среќава во тревни или шумовити предели, како и во обработени полиња. Достигнува должина од 40 сантиметри и тежина од 2 кг, а жиивее од три до шест години. Половата зрелост ја постигнува на возраст од околу четири месеци и се спарува во текот на пролетта и летото. По едномесечен период на носење, женката раѓа две до седум малечки, и тоа, четири до пет пати во текот на годината. Младенчињата се раѓаат слепи и без влакна, во дувло ископано во земјата, на меко легло прекриено со влакна од мајката. Зајакот-дупкар е тревојадец. Тој се храни со трева, корења, лисје и кора од дрвјата. Поради тоа забите му се трошат и горните секачи постојано му растат.

Зајакот во литературата и во популарната култура

Зајакот како тема во книжевноста „Белиот зајак“ – турска народна приказна.„Бели зец“ во: Турске бајке. Београд: Народна књига, 1978, стр. 127-144. „Сопственикот на полето и зајакот“ – приказна на африканското племе Басумбва.Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 179-182. „Леопардот и зајакот“ – приказна на африканското племе Кикуију.Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 135-138. „Човекот, лавот и зајакот“ – приказна на африканското племе Басумбва.Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 183-184. „Како зајакот го убил нилскиот коњ“ – приказна на африканското племе Акамба.Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 148. „Зајакот и мангустата“ – приказна на африканското племе Свахили.Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 119-121. „Зајак“ — песна на македонската поетеса Христина Аслимоска од 2003 година.Христина Аслимоска, Бисерни зборови. Охрид: Летра, 2003, стр. 45. „Зајачка одмазда“ — басна на Ристо Давчевски.Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 44. „зајаците и жабите“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 27-28. „зајаците и лисиците“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 36. „Лавот и зајакот“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 82-83. „зајаците и жабите“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 50. „Зајакот и желката“ - басна на Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 51. „Чудно чудо“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 108-109. „Зајко Бешко мрзливец“ — песна на македонскиот поет Иван Ивановски.Иван Ивановски, Ах ти мило детенце. Култура, Скопје, 1980, стр. 24. „Зајко, зајко од дупката!“ (српски: Зека, зека из јендека!) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 95. „Ти си само плашлив зајак“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски.Славко Јаневски, Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми. Скопје: Темплум, 2014, стр. 73-74. „Зајче безопавче“ - збирка песни за деца на македонскиот писател Васил Куноски.Васил Куноски, Зајче безопавче, Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга и Детска радост, Скопје, 1980. „Зајаче“ — песна на Васил Куноски.Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 76. „Зајакот и желката“ — басна на Лафонтен.Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 18. „Нединото зајаче“ — расказ на македонскиот писател Ванчо Николески.Ванчо Николески, Чудотворен кавал, Мисла, Наша книга, Детска радост, Култура, Македонска книга, Скопје, 1993, стр. 28-33. „Зајко ловец“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 12. „Современо зајаче“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 22. „Чудни се луѓето“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 33.

Зајакот како тема во музиката „Зајко кокорајко“ — македонска народна песна.Macedonian Folklore Classics, Aleksandar Sarievski. Macedonian Radio and Television. „Јас сум зајак“ (англиски: I Am A Rabbit) — песна на американската рок-група Лемонхедс (Lemonheads) од 1989 година.Lemonheads* – Lick (посетено на 25.5.2022) „Умирањето на зајаците“ (англиски: Rabbits Dying) — песна на американската рок-група Throwing Muses од 1986 година.Throwing Muses – Throwing Muses (посетено на 29.10.2024) „Бел зајак“ (англиски: White Rabbit) — песна на американската рок-група Jefferson Airplane од 1967 година.YouTube, Jefferson Airplane - Surrealistic Pillow (1967) FULL ALBUM Vinyl Rip (пристапено на 24.12.2017)

Зајакот како тема во филмот „Лисицата и зајакот“ - советски анимиран филм од 1973 во режија на Јуриј Норштејн. „Кој го намести зајакот Роџер“ (англиски: Who framed Roger Rabbit) - американски филм од 1988 година.IMDb, Who Framed Roger Rabbit (1988) (пристапено на 6.12.2015)

Галерија

Наводи

Категорија:Глодачи