Випала (ајмарски и кечуански: Wiphala) e знаме или амблем во форма на квадрат кој го користат, и ги претставува, староседелските народи на Андите во денешни Боливија, Перу, Еквадор и делови од Аргентина, Чиле и Колумбија. Денес има неколку верзии на випалата, кои потекнуваат од випалата на Тавантинсују и секоја покраина на Тавантинсују имала своја випала.

Випалата е составена од 49 квадрати во седум разлиучни бои распоредени дијагонално. Распоредот на боите е во зависност од тоа која покраина на Тавантинсују го користела. Така на пример, најдолгата дијагонална централна боја ги претставувала покраините, односно: белата Куласују, жолтата Кунтисују, црвената Чинчајсују и зелената Антисују (иако има и алтернативна верзија за ова знаме). Випалата се користела и од Тупак Катари, а денес и во градот Куско, но тоа знаме е составено од седум хоризонтални ленти наместо квадрати.

Според членот 6 од уставот на Боливија, випалата е исто така официјално знаме на државата покрај старото трибојно."Bandera indígena boliviana es incluida como símbolo patrio en nueva Constitución" , October 21, 2008, United Press International.Republic of Bolivia, [Text of the proposed] Nueva Constitución Política del Estado, 2007.

Бои

Випалата е составена од 7 бои - боите на виножитото. Значењето на боите е:

црвена: земјата и андските луѓе портокалова: општеството и културата жолта: енергијата бела: времето зелена: природни извори сина: небото виолетово: андската влада и самоопределувањето

Випали

Наводи

Поврзано Тавантинсују Инки Кечуани Ајмари Знаме на Боливија

Надворешни врски

Випала Emblema Nacional del Pusinsuyo Историја на випалата „Гваман Пома “- хроника

Категорија:Национални симболи на Боливија Категорија:Инки Категорија:Царство на Инките Категорија:Знамиња на староседелски народи Категорија:Староседелски народи во Јужна Америка