Кочабамба (шпански: Cochabamba) — град во Боливија. Кочабамба се наоѓа во Андите во долината Кочабамба. Кочабамба е главен град на департманот Кочабамба и трет најголем град во државата со урбано население од 608.276 според податоците од 2008. Метрополитенската област на Кочабамба има повеќе од 1.000.000 жители.
Името на градот е составено од кечуанските зборови qucha, што значи „езеро“, и pampa, што значи „отворена рамнина“.Diccionario Bilingüe Iskay simipi yuyayk'ancha pdf Градот често се нарекува како „град на вечната пролет“ или „град-градина“ поради температурата во градот.
Демографија
Најзборуван јазик во градот е шпанскиот јазик. Шпанскиот дијалект во градот се смета за поконзервативен во поглед на фонетиката и зборовниот фонд, но сепак дијалектот примил поголем број кечуански или ајмарски зборови.
Најголем народ во градот сочинуваат американските староседелци, односно Кечуаните, Ајмарите и останати староседелци, а потоа следуваат мешаните народи и малцинското бело население. Градот важи за еден од најпрогресивните градови во државата во поглед на економска и социјална активност.
Управа
Кочабамба е главен град на департманот Кочабамба. Градската власт е поделена на извршна и законодавна. Градоначаникот е на чело на градската управа и се избира преку избори за мандат од пет години. Градоначаникот е шеф на извршната градска власт која е составена од 950 функционери и 6 пот-градоначалници. Законодавната градска власт е во рацете на градскиот совет. Сегашен градоначалник (2012) на Кочабамба е Едвин Кастелјанос.
Збратимени градови Белфаст, Северна Ирска Кордоба, Аргентина Вједма, Аргентина Каракас, Венецуела Арика, Чиле Сан Франциско, САД Мајами, САД Алмерија, Шпанија Бергамо, Италија Нант, Франција Куенминг, Кина Кабујао, Филипини
Поврзано
Боливија Градови во Боливија Департман Кочабамба
Наводи
Надворешни врски Туристички водич за Кочабамба Времето во Кочабамба Историја на Кочабамба Карта на Кочабамба
Категорија:Градови во Боливија Категорија:Населени места основани во 1571 година