Јакуиба (шпански: Yacuiba) е град во Боливија, главен град на покраината Гран Чако во департманот Тариха. Градот се наоѓа на 3 км од границата со Аргентина. Јакуиба има население од околу 80.000 жители и се наоѓа на 620–680 метри надморска височина. Градот е еден од градовите во Боливија кои имаат забрзан раст на населението поради забрзаниот економски развој во околината. Градот бил под аргентинска управа до 1900 година.

Поради својата местоположба, Јакуиба е значајно трговско место. Преку боливиско-аргентинската граница се наоѓа Салвадор Маза. Јакуиба е патно поврзан со Санта Крус де ла Сиера и Тариха. Во градот оперира и аеродромот Јакуиба.

Потекло на поимот Името на градот доаѓа од гваранските зборови yaku-iba што грубо преведено значи „дупка со вода за живина“.

Поврзано Боливија Градови во Боливија

Надворешни врски Официјален портал за туризам Традиционална облека Традиционална музика

Категорија:Градови во Боливија