Давидово — село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија.
Географија и местоположба
мини|лево|300п|Поглед на селото од Давидовскиот манастир
Селото се наоѓа во областа Бојмија, во крајниот северен дел на територијата на Општина Гевгелија, на десната страна на реката Вардар и железничката линија Скопје-Гевгелија. Атарот на селото се допира со подрачјето на општините Демир Капија и Валандово. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 95 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 33 километри.
Историја
мини|десно|300п|Давидово, 1931 г.
Во селото во периодот 1895–1896 бил основан комитет на ВМОРО.„Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 53, ISBN 954-9514-56-0
Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Стопанство
Неговиот атар е голем и зафаќа површина од 25,2 км2. На него преовладуваат шумите со површина од 1.556,5 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 228,8 хектари, а на пасиштата само 153,5 хектари.
Селото има полјоделско-шумарска функција. Во минатото, во селото имало земјоделска задруга. Денес, има продавница и угостителски објект.
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Давидово имало 170 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Давидово имало 288 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, Давидово било мешано македонско и турско село со 10 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.
Селото е средно по големина, без некои поголеми промени во населеноста. Во 1961 година селото броело 378 жители, а во 1994 година 364 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото Давидово имало 373 жители, од кои 370 Македонци, 1 Србин и 2 останати.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 302 жители, од кои 299 Македонци и 3 лица без податоци.
Општествени установи
Основно училиште „Климент Охридски“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Климент Охридски“ - Миравци
Самоуправа и политика
Во век, Давидово било христијанско село во Гевгелиската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Миравци.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија. Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.
Во периодот 1950-1955, селото било во рамките на некогашната општина Миравци, во која влегувале селата Габрово, Давидово, Миравци, Милетково и Петрово.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 364 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 265 гласачи. На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 259 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта Брест — населба од доцноантичкото време; Варијанта — населба и некропола од доцноантичкото време; Градиште — населба од римското време; Гробишта — доцноантичка некропола; и Селиште — доцноантичка населба.
Цркви Црква „Раѓање на Пресвета Богородица” — главна селска црква, изградена пред 1860 година од неимарот Андон Китанов; и Црква „Св. Илија“ — главна манастирска црква на Давидовскиот манастир од 1937 година.
Манастири Давидовски манастир — манастир од век
Споменици Споменици во чест на НОБ
Личности
Родени во или по потекло од Давидово Мице Митков Димков — македонски револуционер од ВМОРО. Васил Делов Минов — македонски револуционер од ВМОРО.
Галерија
Наводи
Поврзано Бојмија Општина Гевгелија Гевгелија
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Гевгелиски села Категорија:Села во Општина Гевгелија