Арда (, , ) — река во јужна Бугарија и североисточна Грција. Извира од Ардин врв во Родопите и се влева во реката Марица на грчка територија, во близина на градот Едрене. На реката Арда се наоѓаат вештачките езера „Крџали“, „Студен Кладенец“ и „Ивајловград“. Основни нејзини притоки се Врбица, Крумовица и Црна. Обележје по течението на реката Арда е Ѓаволскиот мост.
Географија Речната долина на реката Арда опфаќа дел од длабоката, тесна долина на реката, која е со надморска височина 154 m и површина 47 660 ха. Опкружена е од планински падини и на места високи до 150 m карпести масиви особено со вулканско потекло. Значителен дел од територијата е зафатена од карпести комплекси, единечни карпи и карпестo лизгање на земјиштето.www.lepidopterology.com - Арда
Растенија На одделни места падините се покриени со листопадни мешани шуми од цер, благун, влакнест даб со средоземни елементи како црвена смрека и colutea arborescens. Карстниот регион меѓу селата Орешари и Долно Черковиште е речиси целосно од шуми од габер кој е додаден со маклен и јасен. Има исто така и грмушки од драка и јоргован, измешани со helichrysum arenarium. Може да се најдат и поединечни дрвја од бадемолистна круша и ф’стак.
Наводи
Поврзано
Бугарија Реки во Бугарија Географија на Бугарија
Категорија:Реки во Бугарија Категорија:Родопи Категорија:Меѓународни реки во Европа Категорија:Притоки на Марица