Класификацијата на Конгресната библиотека (англ. Library of Congress Classification, LCC) — систем на библиотечна класифијација на Конгресната библиотека - државната библиотека на САД. Се користи од највеќето истражувачки и академски библиотеки во САД и неколку други земји како Австралија и Тајван. Највеќето јавни библиотеки и помалите академски библиотеки ја користат Дјуиевата децимална класификација (ДДК, т.е. DDC).
Оваа класификација е создадена во 1897 г. од Херберт Патнам, кој ја разработил веднаш пред да стане библиотекар на Конгресот. Патнам ја осмислил класификацијата следејќи ги советите на истакнатиот библиотекар Чарлс Еми Катер и под влијание на Катеровата експанзивна класификација и ДДК. Предвидена е наменски за потребите на прибирањето и подредувањето на материјали во Конгресната библиотека. Ова бил нов систем, замена за дотогашниот „систем на утврдено место“ осмислен од Томас Џеферсон. Со заминувањето на Патнам во 1939, сите класи освен K (Право) и делови од B (Филозофија и Религија) биле добро развиени. Системот трпи критика дека нема солидна теоретска основа; класификацијата е оформена за да им служи на практичните потреби на библиотеката и не ги следи вообичаениот епистемолошки начела.
Иако предметите (темите) се делат во опширни категории, класификацијата во основа има наброителен карактер. Предвидена е да упатува до книгите што ги има библиотеката, а не како класификација на светот во целина.
Системот на класификација на Националната медицинска библиотека (NLM) ги употребува неискористените букви од оваа класификација: W и QS–QZ. Некои библиотеки ја користат NLM заедно со LCC, изоставувајќи ја класата R (Медицина) на LCC. Други пак, го претпочитаат распоредот QP–QR на LCC, вклучувајќи го заглавието Медицина R.
Системот мини|десно|Книги за програмирање во јазикот Java - поткласа QA.
БукваПредметA Општи делаB Филозофија, Психологија, РелигијаC Помошни науки на историјатаD Историја, Општа и Стар СветE Историја на АмерикаF Локална историја на САД и британска, холандска, француска и Латинска АмерикаG Географија. Антропологија. РазонодаH Општествени наукиJ Политички наукиK ПравоL ОбразованиеM МузикаN Ликовна уметностP Јазик и книжевностQ НаукаR МедицинаS ЗемјоделствоT ТехнологијаU Воена наукаV Поморска наукаZ Библиографија. Библиотекарство. Извори на информации
Класа A - Општи дела
Поткласа AC - Збирки. Сериски дела. Собрани дела Поткласа AE - Енциклопедии Поткласа AG - Речници и други прирачни дела Поткласа AI - Индекси Поткласа AM - Музеи. Колекционери и колекционерство Поткласа AN - Весници Поткласа AP - Периодика Поткласа AS - Академии и научни друштва Поткласа AY - Годишници. Алманаси. Именици Поткласа AZ - Историја на научниот труд и учењето. Хуманитарни науки
Класа B - Филозофија, Психологија, Религија
Поткласа B - Филозофија (општо) Поткласа BC - Логика Поткласа BD - Шпекулативна филозофија Поткласа BF - Психологија Поткласа BH - Естетика Поткласа BJ - Етика Поткласа BL - Вери. Митологија. Рационализам Поткласа BM - Јудаизам Поткласа BP - Ислам. Бахаизам. Теозофија итн. Поткласа BQ - Будизам Поткласа BR - Христијанство Поткласа BS - Библија Поткласа BT - Богословска теологија Поткласа BV - Практична теологија Поткласа BX - Христијански деноминации
Класа C - Помошни науки на историјата (општо)
Поткласа CB - Историја на цивилизацијата Поткласа CC - Археологија Поткласа CD - Дипломатика. Архиви. Печати Поткласа CE - Техничка хронологија. Календар Поткласа CJ - Нумизматика Поткласа CN - Натписи. Епиграфија Поткласа CR - Хералдика Поткласа CS - Генеалогија Поткласа CT - Биографија
Класа D - Светска историја (освен американската историја)
Поткласа D - Историја (општо) Поткласа DA - Велика Британија Поткласа DAW - Средна Европа Поткласа DB - Австрија - Лихтенштајн - Унгарија - Чехословачка Поткласа DC - Франција - Андора - Монако Поткласа DD - Германија Поткласа DE - Грчко-римски свет Поткласа DF - Грција Поткласа DG - Италија - Малта Поткласа DH - Ниски Земји - Бенелукс Поткласа DJ - Холандија Поткласа DJK - Источна Европа (општо) Поткласа DK - Русија. Советски Сојуз. Поранешни советски републики - Полска Поткласа DL - Северна Европа. Скандинавија Поткласа DP - Шпанија - Португалија Поткласа DQ - Швајцарија Поткласа DR - Балкан Поткласа DS - Азија Поткласа DT - Африка Поткласа DU - Океанија (Јужни Мориња) Поткласа DX - Роми
Класа E и F - Американска историја
Класа F - Локална историја на САД и британска, холандска, француска и Латинска Америка
Класа G - Географија, Антропологија, Разонода
Поткласа G - Географија (општо). Атласи. Карти Поткласа GA - Математичка географија. Картографија Поткласа GB - Физичка географија Поткласа GC - Океанографија Поткласа GE - Науки за животната средина Поткласа GF - Човечка екологија. Антропогеографија Поткласа GN - Антропологија Поткласа GR - Фолклор Поткласа GT - Манири и обичаи (општо) Поткласа GV - Разонода. Слободно време
Класа H - Општествени науки
Поткласа H - Општествени науки (општо) Поткласа HA - Статистика Поткласа HB - Економска теорија. Демографија Поткласа HC - Економска историја и прилики Поткласа HD - Стопански дејности. Употреба на земјиштето. Труд Поткласа HE - Транспорт и комуникации Поткласа HF - Трговија Поткласа HG - Финансии Поткласа HJ - Јавни финансии Поткласа HM - Социологија (општо) Поткласа HN - Социјална историја и прилики. Социјални проблеми. Социјална реформа Поткласа HQ - Семејство. Брак. Жени Поткласа HS - Друштва: тајни, добронамерни итн. Поткласа HT - Заедници. Класи. Раси Поткласа HV - Социјална патологија. Социјална заштита. Криминологија Поткласа HX - Социјализам. Комунизам. Анархизам
Класа J - Политички науки
Поткласа J - Општи трудови за законодавството и извршната власт Поткласа JA - Политички науки (општо) Поткласа JC - Политичка теорија Поткласа JF - Политички установи и јавна администрација Поткласа JJ - Политички установи и јавна администрација (Северна Америка) Поткласа JK - Политички установи и јавна администрација (САД) Поткласа JL - Политички установи и јавна администрација (Канада, Латинска Америка итн.) Поткласа JN - Политички установи и јавна администрација (Европа) Поткласа JQ - Политички установи и јавна администрација (Азија, Африка, Австралија, Тихоокеанско подрачје итн.) Поткласа JS - Локална самоуправа. Општинска самоуправа Поткласа JV - Колонии и колонизација. Емиграција и имиграција. Меѓународна миграција Поткласа JX - Меѓународно право (застарено, сега под JZ и KZ) Поткласа JZ - Меѓународни односи
Класа K - Право
Поткласа K - Право, воопшто. Споредбено и општоприсутно право. Судска пракса Поткласа KB - Верско право воопшто. Споредбено верско право. Судска пракса Поткласа KBM - Еврејско право Поткласа KBP - Исламско право Поткласа KBR - Историја на канонското право Поткласа KBU - Право на Римокатоличката црква. Света Столица Поткласи KD-KDK - Обединето Кралство и Ирска Поткласа KDZ - Америка. Северна Америка Поткласа KE - Канада Поткласа KF - САД Поткласа KG - Латинска Америка - Мексико и Средна Америка - Западни инди. Карипско подрачје Поткласа KH - Јужна Америка Поткласи KJ-KKZ - Европа Поткласи KL-KWX - Азија и Евроазија, Африка, Тихоокеанско подрачје и Антарктика Поткласа KZ - Меѓународно право
Класа L - Образование
Поткласа L - Образование (општо) Поткласа LA - Историја на образованието Поткласа LB - Теорија и практика на образованието Поткласа LC - Посебни аспекти на образованието Поткласа LD - Поединечни установи - САД Поткласа LE - Поединечни установи - Америка (освен САД) Поткласа LF - Поединечни установи - Европа Поткласа LG - Поединечни установи - Азија, Африка, Индоокеански острови, Австралија, Нов Зеланд, Тихоокеански острови Поткласа LH - Високообразовни и средношколски списанија и весници Поткласа LJ - Студентски братства и друштва, САД Поткласа LT - Учебници
Класа M - Музика
Поткласа M - Музика Поткласа ML - Музичка литература Поткласа MT - Настава и изучување
Класа N - Ликовна уметност
Поткласа N - Ликовна уметност Поткласа NA - Архитектура Поткласа NB - Вајарство Поткласа NC - Цртање. Дизајн. Илустрација Поткласа ND - Сликарство Поткласа NE - Печатарство Поткласа NK - Декоративна уметност Поткласа NX - Општо за уметностите
Класа P - Јазик и книжевност
Поткласа P - Филологија. Лингвистика Поткласа PA - Грчки јазик и книжевност. Латински јазик и книжевност Поткласа PB - Современи јазици. Келтски јазици Поткласа PC - Романски јазици Поткласа PD - Германски јазици. Скандинавски јазици Поткласа PE - Англиски јазик Поткласа PF - Западногермански јазици Поткласа PG - Словенски јазици и книжевност. Балтички јазици. Албански јазик Поткласа PH - Уралски јазици. Баскиски јазик Поткласа PJ - Ориентални јазици и книжевност Поткласа PK - Индоирански јазици и книжевност Поткласа PL - Јазици и книжевност на Источна Азија, Африка, Океанија Поткласа PM - Арктички, староседелски американски и вештачки јазици Поткласа PN - Книжевност (општо) Поткласа PQ - Француска книжевност - Италијанска книжевност - Шпанска книжевност - Португалска книжевност Поткласа PR - Англиска книжевност Поткласа PS - Американска книжевност Поткласа PT - Германска книжевност - Холандска книжевност - Фламанска книжевност од 1830 г. наваму - Бурска книжевност - Скандинавска книжевност - Старонордиска книжевност: Староисландска и Старонорвешка - современа Исландска книжевност - Фарска книжевност - Данска книжевност - Норвешка книжевност - Шведска книжевност Поткласа PZ - Белетристика и младинска литература
Класа Q - Наука
Поткласа Q - Наука (општо) Поткласа QA - Математика Поткласа QB - Астрономија Поткласа QC - Физика Поткласа QD - Хемија Поткласа QE - Геологија Поткласа QH - Природонаука - Биологија Поткласа QK - Ботаника Поткласа QL - Зоологија Поткласа QM - Анатомија на човекот Поткласа QP - Физиологија Поткласа QR - Микробиологија
Класа R - Медицина
Поткласа R - Медицина (општо) Поткласа RA - Јавни аспекти на медицината Поткласа RB - Патологија Поткласа RC - Интерна медицина Поткласа RD - Хирургија Поткласа RE - Офталмологија Поткласа RF - Оториноларингологија Поткласа RG - Гинекологија и Акушерство Поткласа RJ - Педијатрија Поткласа RK - Стоматологија Поткласа RL - Дерматологија Поткласа RM - Терапевтика. Фармакологија Поткласа RS - Фармација и медицински материи Поткласа RT - Медицинска нега Поткласа RV - Ботаничка, Томсонова и Еклектична медицина Поткласа RX - Хомеопатија Поткласа RZ - Други медицински системи
Класа S - Земјоделство
Поткласа S - Земјоделство (општо) Поткласа SB - Хортикултура. Размножување на растенија. Одлегување на растенија Поткласа SD - Шумарство. Арборикултура. Силвикултура Поткласа SF - Сточарство. Наука за животните Поткласа SH - Аквакултура. Рибарство. Риболов Поткласа SK - Лов
Класа T - Технологија
Поткласа T - Технологија (општо) Поткласа TA - Инженерство, градежно инженерство (општо). Поткласа TC - Хидроградба. Морска градба Поткласа TD - Технологија на животната средина. Санитарно инженерство Поткласа TE - Изградба на автопатишта. Патишта и плочници Поткласа TF - Изградба на железници и нивна операција Поткласа TG - Мостови Поткласа TH - Градежништво Поткласа TJ - Машинско инженерство Поткласа TK - Електроинженерство. Електроника. Јадрено инженерство Поткласа TL - Моторни возила. Аеронаутика. Космонаутика Поткласа TN - Рударство. Металургија Поткласа TP - Хемиско инженерство Поткласа TR - Фотографија Поткласа TS - Производна техника. Масовно производство Поткласа TT - Ракотворби. Уметности и занаети Поткласа TX - Домаќинство
Класа U - Воена наука
Поткласа U - Воена наука (општо) Поткласа UA - Војска: Организација, распределување, воена ситуација Поткласа UB - Раководење со војската Поткласа UC - Воено одржување и превоз Поткласа UD - Пешадија Поткласа UE - Коњица. Оклоп Поткласа UF - Артилерија Поткласа UG - Воено инженерство. Воено воздухопловство Поткласа UH - Други воени служби