Слобода (првично име Моша Пијаде) претставува мост кој ја премостува реката Вардар и ги поврзува булеварите Војвода Васил Аџиларски и Стив Наумов во главниот град на Македонија, Скопје. Изграден е во 1936 година, а комплетно саниран и рекоструиран во 2011 и 2012 година. Во почетокот коловозот на мостот бил поплочен со дрвени плочи и бил нарекуван Нов дрвен мост. Според староста, овој мост е втор по ред, веднаш по Камениот мост.

Реконструкција

Од изградбата на мостот во 1936 година немало никакви реконструкции и обнови сè до 2011. година, кога почнала комплетната санација на мостот. Според проектот на Град Скопје, освен потребната санација и проверка на статиката на мосотот, тој требал да добие и нови канделабри и нова ограда. Стилската ограда од ковано железо е со изведени слики и мотиви од македонското културно наследство и комплено ќе биде завршен во 2014. година. Вкупната сума за реконструкција била планирана да биде околу 1,14 милион евра, сума што предизвикала бројни негодувања кај одредени кругови.

Наводи

Поврзано Мостови во Скопје;

Категорија:Мостови во Скопје Категорија:Мостови на Вардар