Теквондо () — корејска боречка вештина и национален спорт во Јужна Кореја. На корејски те значи удар или блокада со ногa, квон е удар или блокада со рака и до е пат, начин или метод, значи теквондо во груб превод значи патот на раката и ногата. Името теквондо може да се најде во најразлични варијанти како на пр. теквон-до, те-квон-до или те квон до, поради историската, филозофска или политичка основа и различноста на организациите. Тоа е комбинација од борбена техника, самоодбрана, спорт, вежба а во некои случаи и медитација и филозофија. Во 1989 година теквондотот стана една од најпопуларните боречки вештини по бројот на луѓе кои го практикуваат. Gyeorugi е вид на спаринг кој е дел од Олимписките игри уште од 2000 година.

Постојат две гранки на вештината теквондо коишто не се целосно меѓусебно поврзани: Традиционално теквондо се однесува на неговото поставување во 50-тите и 60-тите години во јужнокорејската армија како и во различни организации вклучувајќу ги училиштата и универзитетите. Името и симболизмот на традиционалниот модел се однесува на елементи од корејската историја, култура и религиозна филозофија. Денеска Кукивон или исто така познат како Светскиот теквондо штаб е традиционалниот центар на тљеквондото во Кореја. Теквондо како спорт е развиено во 50-тите години со сосема различна цел од традиционалното каде е нагласена брзината и компетитивноста. Тоа се дели на два стила: првиот произлегува од Кукивон каде се почетоците на спарингот наречен sihap gyeorugi кој како настан е дел и од Летните олимписки игри и предводен од Светската теквондо федерација, другиот стил припаѓа на Интернационалната теквондо федерација.

Постојат повеќе научни разлики и разлики во техниката помеѓу двата стила и помеѓу двете организации но претежно оваа вештина става акцент на ударите со нозе изведени од мобилен став користејќи го нивниот дофат и сила. Тренинзите вклучуваат цел систем на блокади, кикови, удари со отворена шака но и фрлања, соборувања и залажувања со замав. Некои од теквондо инструкторите го вклучуваат и користењето на потисни точки познато како jiapsul како и техники за самоодбрана позајмени од други вештини како хапкидо и џудо.

Историја

Најстарата корејска вештина е спој од повеќе борбени стилови за невооружена борба развиени од трите сопернички корејски царства Когурео, Сила у Баекје каде биле подучувани млади луѓе на невооружена борба со цел да развијат сила, брзина и способност за преживување. Најпопуларната техника била субак односно теккиеон како дел од субак-техниката. Оние борци кои покажувале голема, природна способност за борба биле избрани како обучувачи во посебните воени корови наречени Хваранг. Се верувало дека младите луѓе кои поседувале талент за вештини ја имале благодатта да станат едни од најголемите воини. Овие воини биле учени на научни како и на боречки вештини, учеле филозофија, историја, кодексот на етика и јавање. Нивниот воен тренинг се состоел од обемни програми за користење на оружје како што е мечување и стрелаштво на коњ или на нозе и подучување на воени тактики и невооружена борба користејќи ја субак техниката. Иако субак е претежно ножна техника, кралството Когурео ја додале и рачната техника во субак вежбите.

Овој период неколку одбрани воини од кралството Сила биле обучувани од некои од првите мастери од Когуруо на техниката на теккиеон. Овие воини тогаш биле познати како Хваранг воини. Хваранзите ја создале воената академија за синовите на кралството во Сила која била наречена Хваранг-до и значи патот на мажествениот расцут. Хваранзите учеле теккиеон, историја, конфуцијанство, етика, моралот на будизмот, социјални вештини и воени тактики. Водечките принципи на Хваранг војниците биле врз основа на петте кодекси на човековото однесување на Вон Гванг, а тоа се: лојалност, братска должност, доверба, храброст и правда. Теккиеон се раширил низ цела Кореја со патувањата на Хваранзите низ полуостровот учејќи за новите предели и луѓето. За време на владеењето на династијата на Јосеон боречките вештини биле фрлени во мрак и покрај богатата корејска историја на древни и традиционални боречки вештини. Корејското општество во тоа време е централизирано ‘благодарение‘ на корејскиот конфуцијанство и боречките вештините тогаш се сметале за неважни во тоа општество на идеалите на учени кралеви. Практикувањето на традиционалните боречки вештини како субак и теккиеон биле резервирани за воени употреби. Употребата на теккиеон техниката продолжила да живее во 19 век благодарение на обичните луѓе кои ја практикувале. Во периодот на окупација на Кореја од Јапонија 1910-1945 сите особености на етничкиот идентитет на Кореја биле забранети и потиснувани. Традиционалните корејски вештини како субак и теккиеон биле исто така забранувани и потиснувани. За време на окупацијата корејците на кои им било дозволено да студираат и да бидат некако рангирани биле запознаени со јапонските боречки вештини а обичните луѓе со боречките вештини во Кина и Манџурија. По ослободување на корејските територии во 1945 година почнале да се отвораат школи за боречки вештини (кванови) со различни влијанија. Постојат различни гледишта за потеклото на вештините изучувани во овие училишта. Некои веруваат дека теквондото создадено во овие училишта е врз основа на традиционалните корејски борешки вештини субак и теккиеон додека некои дека теквондото ја има зачувано основата на традиционалните вештини но дека претрпело промени поради влијанијата од соседните земји, додека други веруваат дека овие училишта изучувале вештини врз основа на карате. Во 1952 година во екот на војната во Кореја се одржала презентација на боречката вештини на квандовите покажувајќи ја умешноста на движењата. Во еден дел од презентирањето Нам Те Хи скршил 13 даски со еден удар. По ова јужнокорејскиот претседател Сингман Рее го назначил Чои Хонг Хи да ја претстави оваа боречка вештина пред корејската армија.Во средината на 50-тите години се појавиле девет кванови. Сингман Рее наредил да се соединат сите школи за боречки вештини во еден единствен систем. Не се знае точно кој прв го употребил името Теквондо но со него се поврзуваат две имиња , Чои Хонг Хи (од школата Ох До Кван) или Сонг Дук Сон (од Чанг До Кван). Тоа било прифатено на 11 април 1955 година. Денеска стои дека 9те кванови кои ја обучувале војската се основачи на теквондото иако некои од нив не го користеле називот теквондо. Корејската теквондо асоцијација е основана во 1959/1961 година за да се олесни обединувањето.

Во почетокот на 60-тите години теквондото започнува да се практикува во светски рамки од страна на првите теквондо мастери. Напорите за стандардизација на оваа вештина замреле бидејќи мастерите познати како кванови практикувале различни стилови. Корејската влада барала унифицирање на теквондото во склоп на Здружението Те Су До која подоцна го сменила името во Корејска теквондо асоцијација во 1965 година менувајќи го раководството. Интернационалната Теквон-До Федерација е основана во 1966 основа а Светската теквондо федерација во 1973 година.

Уште од 2000 година Теквондото стана една од двете боречки вештини од Азија вклучена во Олимписките игри (другата е џудо). Тоа се изведби од демонстративен карактер каде се покажуваат умешностите на вештината и првпат се изведени во Сеул на Олимписките игри во 1988 година а како официјален настан во 2000 година во Сиднеј. Од неофицијален извор во 2009 година теквондото се практикувало во 123 држави со преку 30 милиони вежбачи и 3 милиони црни појаси. Во истата година Јужнокорејската влада направи проценка на 70 милиони практикувачи во 190 земји.

Особености

Теквондото е препознатливо по ударите со нога а таа техника го одделува од другите боречки вештини како што е каратето и кунг-футо. Главниот принцип е дека ногата е најјакото и најдолго човечко оружје кое постои во боречките вештини а ударите со нога го имаат најголемиот потенцијал да извршат силен удар или пак да го спречат. Од историска гледна точка корејците го имале мислењето дека рацете се премногу драгоцени за човекот за да ги користи за борба. Како боречка вештина теквондото е популарно меѓу луѓето од секоја возраст и пол. Тоа развива сила, брзина, рамнотежа, флексибилност и издржливост. Како пример за спојот на менталното и физичкото е кршењето на даски , цигли или керамички плочи за кои е потребна физичка подготвеност и концентрација за насочување на силата кон едно нешто. Еден теквондо ученик на тренингот носи униформа наречена добок во бела или црна боја (а денес може да се сретнат во секакви бои) со појас околу половината. Има три главни модели кога станува збор за добок униформата поврзани со носењето на горниот дел: првиот модел е во типичен азиски стил на облекување со преклоп, горен дел со V израз кој е особено препознатлив за оние кои ги практикуваат стандардите на СТФ и моделот на јакна со вертикално затворање препознатлив за оние од ИТФ. Бојата на појасот главно го претставува рангот на ученикот а тоа значи колку е потемна бојата толку е повисок рангот. Школата каде се вежбаат техниките е наречена до-јанг. Главниот мастер на школата е наречен гван-јанг-ним. Вториот главен мастер е са-беом-ним, инструкторите се гуо-сан-ним. Асистентот на инструктороте наречен јо-гуо-ним. Традиционално се вежба бос но постојат и специјални патики кои можат да се носат при вежбањето. Иако секоја вежбачка школа е различна, ученикот е дел од следните дисциплини: учење на техниката и правилата на однесување во теквондото анаеробни и аеробни вежби и истегнување одбранбени техники (hosinsoo) Форми (poomsae, teul, hyeong) спаринг (gyeorugi, matseog in ITF) кој вклучува 7-, 3-,2- или 1- бод, спаринг во слободен стил, договорен спаринг, спаринг на броење и други видови. вежби со релаксација, медитација и контрола на дишење. техники со фрлања и паѓања ( deonjigi i ddeoreojigi) концентрирање на ментална и етичка дисциплина, правда, почит и самодоверба полагање за нов ранг, појас кршење на даски (gyeokpa ili weerok) поделено во 3 типа кршење со употреба на сила- користење на техники за да се скршат што е можно повеќе даски кршење со употреба на брзина-даските се држат за еден агол ставајќи акцент на брзината со која е скршена даската специјални техники- кршење неколку даски со удари во скок или за да се собере повеќе сила за висина, дистанца или да се поминат пречки

Организации

Двата најпознати системи на техники во теквондо се наречени по нивните соодветни организации WTF World Taekwondo Federation и ITF International Taekwon-Do Federation.

Светската теквондо организација е основана во 1973 година и влече корени од Корејската теквондо асоцијација.КТА е основана во 1972 година со центар во Дојанг, Јужна Кореја а по само неколку месеци името се менува во Кукивон. Следната година се формира Светската теквондо федерација. Меѓународниот олимписки комитет ја признава СТФ и теквондо спарингот во 1980 година. Иако термините СТФ и Кукивон често се заменуваат еден со друг по грешка, Кукивон е всушност потполно друга организација која тренира и сертифицира инструктори и официјално го доделува степенот дан и пум со сертификат во светски рамки. Кукивон (Светски теквондо штаб) има свое официјално седиште со административни канцеларии во Сеул, Јужна Кореја . СТФ е светски натпреварувачки комитет и технички не спаѓа во нов стил или систем на оваа вештина.