Доцен среден векЕвропа и Средоземјето Доцниот среден век е период од европската историја од 14 до 16 век (околу 1300-1500). На доцниот среден век му претходел Развиениот среден век и по тоа следувал почетокот на Раниот нов век (и во поголемиот дел од Европа, ренесансата).
Околу 1300 година, вековите на просперитет и подем во Европа прекинале. Серија на масовен глад и чуми како Масовниот глад од 1315-1317 и Црната смрт, го намалиле бројот на населението за половина.Austin Alchon, Suzanne (2003). A pest in the land: new world epidemics in a global perspective. University of New Mexico Press. p. 21. ISBN 0-8263-2871-7. Заедно со депопулацијата дошло до социјални немири и ендемско војување. Франција и Англија доживеале сериозни селски востанија: Жакеријата во Франција, Селанското востание во Англија, како и меѓусебните конфликти во Стогодишната војна. Како додаток на многуте проблеми во овој период, унијата во Римокатоличката црква била распарчена со Западниот раскол (раскол). Заедно овие настани некогаш се нарекуваат и Кризата во Доцниот среден век.Cantor, p. 480.
И покрај овие кризи, 14 век бил период на голем напредок во уметноста и науката. Како резултат на обновениот интерес за грчките и римските текстови кој започнал во Развиениот среден век, почнала италијанската ренесанса. Апсорбирањето на латинските текстови започнало пред ренесансата на 12 век пред контактите со Арапите за време на Крстоносните војни, но достапноста на важните грчки текстови се зголемила со освојувањето на Цариград од страна на Османлиското Царство, кога голем број византиски учени луѓе кои морале да бегат на Запад, особено во Италија.Cantor, p. 594.
Во комбинација со навлегувањето на класичните идеи било пронаоѓањето на машината за печатење која го олеснила ширењето на пишаниот збор и го демократизирала учењето. Овие две нешта подоцна ќе ја предводат протестантската реформација. Кон крајот на периодот, започнало времето на Големите географски откритија. Со подемот на Османлиското Царство, што кулминирал со падот на Цариград во 1453 година, ги уништило последните остатоци од Византија и го прекинал трговските врски со истокот. Европејците биле приморани нови трговски линии, како во случајот со Кристофер Колумбо во Америка во 1492 година и Васко да Гама во Индија и Африка во 1498 година. Нивните откритија ја зајакнале економијата и моќта на европските нации.
Промените донесени со овие настани натерало многу учени луѓе да го сметаат тоа за крај на средниот век и за почетокот на модерната историја и Раниот нов век во Европа. Сепак поделбата се смета за вештачка, бидејќи древното учење никогаш вистински не било отсутно од европското општество. И според тоа имало континуитет во развојот помеѓу антиката (прекукласичната антика) и модерното време. Некои историчари, особено во Италија, не сакаат да зборуваат за Доцниот среден век воопшто, туку да го гледаат како премин од Развиениот среден век до ренесансата и Новиот век.
Историографија и периодизација
Терминот “Доцен среден век” важи за еден од трите периоди на средниот век, заедно со Раниот и Развиениот среден век. Леонардо Бруни бил првиот историчар кој ја користел оваа периодизација на три дела во неговата Историја на фирентинскиот народ (1442).Leonardo Bruni, James Hankins, History of the Florentine people, Volume 1, Books 1–4, (2001), p. xvii. Флавио Биондо користел слична рамка во Декадите од Историјата од Слабеењето на Римското Царство (1439-1453). Тројната поделба станала стандардна откако германскиот историчар Кристоф Келер ја издал Универзална Историја поделена на Древен, Средновековен и Модерен период (1683).
За историчарите од 18 век кои го проучувале 14 и 15 век, главната тема била ренесансата, и со одновото откривање на древното учење и произлегувањето на поединечниот дух.Brady et al., p. xiv; Cantor, p. 529. Центарот на ова откривање се наоѓа во Италија каде, според зборовите на Јакоб Буркхарт: “Човекот станал духовна единка и се признал себеси како таква” (Цивилизацијата во Италија во ренесансата, 1860). Овој предлог потоа се променил, и се тврдело дека 12 век бил период на поголеми културни достигнувања.
Како што се употребувале економските и демографските методи во изучувањето на историјата, трендот бил Доцниот среден век да се смета за период на рецесија и криза. Белгискиот историчар Анри Пирен ја вовел новата поделба на Ран, Развиен и Доцен среден век во годините околу Првата светска војна."Les periodes de l'historie du capitalism", Academie Royale de Belgique. Bulletin de la Classe des Lettres, 1914. Но неговиот холандски колега Јохан Хуизинга бил главно одговорен за популаризирање на песимистичкиот поглед на Доцниот среден век, со неговата книга Есента на средниот век (1919). За Хуизинга, чие истражување се фокусирало на Франција и Ниските Земји, отколку на Италија, очајот и слабеењето биле главните теми, а не преродбата.Allmand, p. 299; Cantor, p. 530.
Модерната историографија на периодот достигнал консензус меѓу две екстремности на иновација и криза. Сега се знае дека условите биле многу различни северно и јужно од Алпите и “Доцниот среден век” често не се ни споменува во Италијанската историографија.Le Goff, p. 154. See e.g. Терминот “Ренесанса” се смета за корисен при описот на одреден интелектуален, културен или уметнички развој, но не е дефинирачка одлика на цела европска историска епоха.Brady et al., p. xvii. Периодот од почетокот на 14 век па сè до (вклучувајќи го) и 16 век, е карактеризиран со други трендови: демографско и економско опаѓање, крајот на западната верска унија и последователното појавување на националните држави и проширувањето на европското влијание ширум светот.
Историја Границите на христијанска Европа сè уште се дефинирале во 14 и 15 век. Додека Великото Кнежевство Москва започнало да ги одбива нападите на Монголците, ибериските кралства ја завршувале Реконквистата на полуостровот и го насочиле нивното внимание надвор, Балканот потпаднал под власта на Османлиското Царство.For references, see below. Во меѓувреме останатите држави од континентот се соочувале со постојан надворешен и внатрешен конфликт.Allmand (1998), p. 3; Holmes, p. 294; Koenigsberger, pp. 299–300.
Ситуацијата постепено довела до консолидација на централната власт и до произлегување на националните држави.Brady et al., p. xvii; Jones, p. 21. Финансиските побарувања на војните довеле до повисоки даноци, со што дошло до појава на претставнички тела – особено Англискиот Парламент.Allmand (1998), p. 29; Cantor, p. 514; Koenigsberger, pp. 300–3. Подемот на секуларната власт бил дополнително поттикнат од слабеењето на Папството со Западниот раскол и доаѓањето на Протестантската револуција.Brady et al., p. xvii; Holmes, p. 276; Ozment, p. 4.
Северна Европа Main articles: Историја на Данска, Историја на Норвешка, Историја на Шведска По неуспешната унија меѓу Шведска и Норвешка од 1319-1365 година, пан-скандинавската Унија од Калмар била воведена во 1397 година.Hollister, p. 366; Jones, p. 722. Швеѓаните не биле членови по своја желба во унијата во која доминирала Данска уште од почетокот. Во обид да се потчинат Швеѓаните, данскиот крал Кристијан II наредил да се убијат многу членови на шведската аристократија во Стокхолмскиот масакр во 1520 година. Сепак оваа мерка довела до дополнителни судири, а Шведска целосно излегла во 1523 година.Allmand (1998), p. 703 Норвешка станала само помала страна во унијата и останала обединета со Данска до 1814 година.
Исланд имал корист од својата релативна изолација и бил единствената скандинавска земја која не бил погодена од Црната смрт.Allmand (1998), p. 673. Во меѓувреме, норвешката колонија Гренланд изумрела, најверојатно поради екстремните временски услови во 15 век.Allmand (1998), p. 193. Овие услови можеби биле ефект од Малото ледено доба.
Британски Острови
Смртта на шкотскиот крал Александар III во 1286 година, државата паднала во криза за наследството и англискиот крал Едвард I, бил повикан да арбитрира. Кога Едвард се проглсил за владетел на Шкотска, довело до Шкотската војна за независност.Jones, pp. 348–9. Англичаните на крајот биле поразени и Шкотите успеале да развијат посилна држава под династијата Стјуарт.Jones, pp. 350–1; Koenigsberger, p. 232; McKisack, p. 40.
Од 1337 година, вниманието на Англија било насочено кон Франција во Стогодишната војна.Jones, p. 351. Победата на Хенри V во Битката кај Азенкур во 1415 година на кратко успеал да го започне обединувањето на двете кралства, но неговиот син Хенри VI набрзо ги изгубил сите претходно добиени земји.Allmand (1998), p. 458; Koenigsberger, p. 309. Губењето на Франција предизвикало немири во Англија и речиси веднаш по крајот на војната во 1453 година, започнале војните меѓу династиите Ланкастер и Јорк во Војната на розите (околу 1455-1485).Allmand (1998), p. 458; Nicholas, pp. 32–3.
Војната завршила со стапувањето на престолот на Хенри VII од династијата Тјудор, кој продолжил со дејноста на кралевите од династијата Јорк со градење на силна, централизирана монархија.Hollister, p. 353; Jones, pp. 488–92. Додека вниманието на Англија било насочено на други работи Хиберно– Норманските (Нормани кои се населиле во Ирска) лордови во Ирска станувале сè повеќе асимилирани во ирското општество и на островот му било дозволено да развие одредена независност под англиска власт.McKisack, pp. 228–9.
Западна Европа
Француската династија Валоа, која ја наследила династијата Капет во 1328 година, која била маргинализирана во својата земја, прво од англиските сили во Стогодишната војна, потоа од моќното Војводство Бургундија.Hollister, p. 355; Holmes, pp. 288-9; Koenigsberger, p. 304. Појавата на Јованка Орлеанка на сцената го променила текот на војната во корист на Французите и подоцна иницијативата продолжила за време на Луј XI.Duby, p. 288-93; Holmes, p. 300.
Во меѓувреме Шарл Дрскиот, бургундскиот војвода, наишол на отпор при обидот за консолидација на неговите поседи, особено од Швајцарската Конфедерација, формирана во 1291 година.Allmand (1998), pp. 450-5; Jones, pp. 528-9. Кога Шарл загинал во Бургундските војни во Битката кај Нанси во 1477 година, Војводството Бургундија било земено од Франција.Allmand (1998), p. 455; Hollister, p. 355; Koenigsberger, p. 304. Во исто време територијата на Бургундија и богатите Бургундски Ниски Земји биле земени под власта на Хабсбурзите и Светото Римско Царство, со што започнал конфликт кој траел со векови.Allmand (1998), p. 455; Hollister, p. 363; Koenigsberger, pp. 306-7.
Средна Европа Main articles: Свето Римско Царство, Историја на Полска, Историја на Литванија Бохемија била во расцут во 14 век и Златната Була од 1356 година го направиле кралот на Бохемија прв меѓу царските изборни кнезови, но револуцијата на Јан Хус ја турнала државата во криза.Holmes, p. 311–2; Wandycz, стр. 40 На власт на Светото Римско Царство дошле Хабсбурзите во 1438 година, задржувајќи ја власта сè до неговото распуштање во 1806 година.Hollister, p. 362; Holmes, p. 280. Сепак и покрај големиот број на територии кои ги контролирале Хабсбурговците, Царството останало поделено и поголемиот дел од моќта и влијанието бил во рацете на принципатите. Исто така финансиските институции како Лигата од Ханза и семејството Фугер држеле голем дел од моќта, на економски и политички план.Allmand (1998), pp. 152–153; Cantor, p. 508; Koenigsberger, p. 345. Louis the Great