Ферари S.p.A — италијански производител на автомобили со правно седиште во Амстердам, Холандија, а фактички во Маранело, Италија. Основан е од Енцо Ферари во 1929 година, како Скудериа Ферари, компанија која што спонзорирала возачи и произведувала тркачки автомобили како што е Ферари S.p.A, во 1947 година, пред да се ориентира кон производство на возила коишто се користат во сообраќајот. Во текот на својата историја, компанијата исто така е позната по своето континуирано учество на трки, особено во Формула Еден, каде што имала голем успех. Патничките автомобили на Ферари генерално се доживуваат како симбол на брзина, луксуз, богатство и престиж.
Историја
Главна статија: Историја на Ферари
Енцо Ферари кога ја формираше Скудериа Ферари, немаше намера да произведува патнички автомобили( буквално „ Ферари Сабле“, најчесто значеше „ Тимот на Ферари“. во 1928 година беше спонзор за возачи аматери коишто имаа седиште во Модерна. Ферари беше подготвен, и успешно се тркаше со различни возачи на автомобили на Алфа Ромео сè до 1938 година, кога тие беа најмени од Алфа Ромео да го раководат нивниот оддел за трки. Во 1941 година, Алфа Ромео беше конфискувана од страна на фашистичката влада на Бенито Мусолини како дел од воените напори на силите на оската. Делот на Енцо Ферари беше доволно мал за да не биде погоден од оваа ситуација. Поради тоа што со договорот , му беше забрането четири година да учествува на трки, Скудерија за многу кратко стана Ауто Авио Коструциони Ферари, која што приозведуваше алати за машини и додатоци за авиони. Исто така позната како СЕФАЦ ( Скудериа Енцо Ферари Ауто Корсе), Ферари всушност навистина произведе тркачки автомобил, Типо 815, во неконкутрентен период. Тоа всушност беше првиот вистински Ферари автомобил, ( којшто за првпат се појави во 1940 година во Миле Миглие), но за време на Втората светска војна немаше голема конкуренција. Во 1943 година фабриката на Ферари се пресели во Маранело, каде што и остана. Фабриката беше бомбардирана од страна на Сојузниците во 1944 година, откако заврши војната во 1946 година беше повторно изградена, вклучувајќи ја и работата за производство на патнички автомобили. Сè до смртта на главниот, ова ќе остане како поголем извор за финансирање на наговите тркачки операции. Првиот Ферари патнички автомобил беше 1947 125 Ѕ, придрвижуван од 1.5 L V 12 мотор; Енцо Ферари неколебливо го создаде и продаде својот автомобил за да го финансира Скудериа Ферари. Тоа изискуваше огромни финансиски средства.
Променливиот успех на тркачките патеки кон средината на шеесеттите години од минатиот век, но секогаш при врвот во конкуренција на германски Порше, неколку британски автомото компании (БРМ, Јагуар, Лотус), американски Форд и Шевролет, како и присуството на Рено Алпина, Алфа Ромео и Масерати, беше предизвик плус за Енцо Ферари. Тој во почетокот на 1969 година продаде 50% од својата компанија на Фиат, со што се здоби со средства за да се финансира изработката на нови прототипови за трките на издржливост.
Во 1988 година Енцо Ферари го надгледуваше лансирањето на Ферари Ф 40, тоа е последното ново Ферари коишто беше лансирано пред неговата смрт подоцна таа година, и тоа е веројатно и еден од најпознатите супер автомобили некогаш направен. Од 2002 до 2004 година, Ферари го претсави својот најбрз автомобил за тоа време, во чест на основачот на компанијата: Ензо Ферари. Тој првично беше понуден на лојални потрошувачи, секој од 399 направени ( минус четиристотиот којшто беше дониран на Ватикан за добротворни цели) имаше цена од 650 илјади долари. На 17 мај 2009 година во Маранело, Италија, 1957 250 Теста Роса ( ТР) беше даден на аукција, од страна на РМ Аукциите и Сотебу за 12.1 милион долари / светски рекорд во тоа време за најскапиот автомобил некогаш продаден на аукција. Тој рекорд сега е срушен од страна на Бугати Атлантик којшто беше продаден за повеќе од 28 милиони долари.
Мотоспорт
За целосната список на тркачки автомобили на Ферари, видете ја листана на тркачките автомобили на Ферари.
Од почетоците на компанијата, Ферари беше вклучен и во мотор спортот, натпреварувањето во голем број на категории вклучувајќи ја и Формула Еден и трки со своите автомобили преку својата Скудериа Ферари спортска поделба како и снабдувањето на други тимово со автомобили и мотори. 1949 ААС 815 беше првиот тркачки автомобил којшто бил дизајниран од Ензо Ферари, иако не беше обележан како модел на Ферари.
Скудериа Ферари Главна статија: Скудериа Ферари
Скудериа Ферари има учествувано во голем број на класи во мотоспортот. и покрај тоа што моментално е вклучена само во Формула Еден. Тоа е единствениот тим којшто со континуитет се натпреварува во Светското првенство на Формула Еден уште од своето основање во 1950 година. Хосе Фроилан Гонсалес му ја донесе на тимот првата победа на Ф1 на Британските Гранд При награди. Една година подоцна Алберто Аскари го донесе Ферари на првото првенство на возачите. Ферари е најстариот тим на првенството, и истиот е најуспешен: тимот го има на скоро секоја Формула Еден. Почнувајќи од 2008 година,во евиденцијата на тимот се наоѓаат 15 титули на првенството на Светските Возачи ( 1952, 1953, 1956, 1958, 1961, 1975, 1977, 1979, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004, и 2007 година) 16 титули на Светското конструкторско првенство ( 1961, 1964, 1975, 1976, 1977, 1979, 1982, 1983, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004, 2007, и 2008 година), 209 Гранд При победи, 4925.27 бода, 622 пласмани, 203 пол/позиции, и 218 најбрзи кругови во 776 Град При трки. Значајни Ферари возачи се и Хосе Фроилан Гонсалес, Тацио Нуволари, Марцин Заторски Хуан Мануел Фангио, Лујџи Чинети, Алерто Аскари, Волфганг вон Трипс, Фил Хил, Оливер Гендебиен, Мике Хавторн, Петер Колинс, Џанкарло Багети, Џон Суртес, Лоренцо Бандини, Лудовико Скарфиоти, Џаки Ицкс, Јоди Шектер, Гилес Виленеуве, Дидје Пиори, Патрик Тамбав, Рене Арноукс, Мишел Алборето, Џерард Бергер, Нигел Мансел, Алаин Прост, Јеан Алеси, Еди Ирвине, Рубенс Баричело, Михаел Шумахер, Кими Раиконен, Фелипе Маса, и Фернандо Алонсо. На крајот на сезоната на 2006 година, тимот имаше контроверзии откако му дозволи на Марлборо да ги спонзорира, заедно со другите Ф1 тимови, дадоа верување за да ги прекинат договорите за спозорство со тутуно производителите. Беше склучен пет годишен договор и, иако овој договор не требаше да заврши сè до 2011 година, во април 2008 година Марлборо се повлекоа од брендирање на Ферари.
Возачите коишто се напревруваа во 2009 година беа Фелипе Маса и бранителот на титулата Кими Раиконен. Откако од 2010 година Фернандо Алонсо почна да се трка за Ферари по тркањето за Рено, Минарди и Мекларен, го пополни поранешното место на Кими Раиконен. Во прилог на Формула Еден, Ферари исто така вклучи автомобили во спортски трки, двата програма постојат во паралела за повеќе години. Во 1949 година, Лујџи Чинети возеше 166 М и победи за Ферари на мороспорт, 24 часа од Ле Ман. Ферари прдолжи да доминира во раните години на Светското спортско првенство кое што беше формирано во 1953 година, освојувањето на седмата титула од првата на девет години. Кога форматот на првенството се промени во 1962 година, Ферари заработи титули во бараме најмалку една класа секоја година во текот на 1965 година и потоа повторно во 1967 година. Ферари ќе освои финална титула , од 1972 година на Светското првенство пред да олучи Енцо да го прекине спортското тркање со автомобили по 1973 година и му дозволи на Скуцериа Ферари да се концентрира само на Формула Еден. За време на сезоните на Ферари на Светското првенство на спортски автомобили, тие исто така освоија повеќе победи на 24 часа на Ле Ман, со тој тим ја добиваат првата победа во 1954 година. Нова победа ќе дојде во 1958 година, која што ќе биде проследена со пет проследователни победи од 1960 до 1964 година. Северноамериканскиот тим на Лујџи Чинети ( НАРТ) ќе ја донесе конечната победа на Ферари во Ле Ман во 1965 година. Иако по 1973 година Скудериа Ферати повеќе не учествуваше во спортските автомобили, тие повремено имаа различни успешни спортски автомобили. Тие го вклучуваат и ББ 512 ЛМ во 1970-тите години, 333 СП којшто го освои ИМСА ГТ првенството во 1990-тите години, и во моментов Ф430 ГТ2 и ГТ3 коишто ги освојуваат сите првенства во нивните класи.
Тркачки автомобили за други автомобили Во текот на својата историја, Ферари правеше автобобили и за други учесници, коишто не се дел од тимот на Скудериа Ферари. Во 1950-тите и 60-тите години, Ферари обезбеди автомобили за Формула Еден за голем број приватни учесници и други тимови. Еден многу познат пример е тимот на Тони Вандервел, којшто го претрка Тинвал Специјал којшто беше направен пред да ги направат своите Ванвал автомобили. Тркачкиот тим на Северна Америка се пласира во финалните три рунди од сезоната во 1969 година каде што беше последна прилика некој друг тим освен Скудериа Ферари да влезе во Светското Првенство Гранд При со автомобил на Ферари. Ферари обезбеди автомобили со V8 мотори за А1 Гранд При сериите, од сезоната 2008-09. Автомобилот е дизајниран од страна на Рори Бирн и е стилизиран да личи на автомобилот од 2004 година Ферари Формула. 599 GTB Фиорано и F430 GT се користат во GT тркачките серии. Предизвикот на Ферари е да направи тркачка серија за Ферари F430. ајновиот супер автомобил на Ферари , 2006 FXX не е за пат, и поради тоа се користи само за на тркачки настани.
Сегашни модели Првото возило на Ферари беше 125 Ѕ спортки/тркачки модел. Во 1949 година, Ферари 166 Интер, првиот чекор на компанијата на Гранд Туринг пазарот, којшто сè уште го сочинува најголемиот дел од продажбата на Ферари. Неколку почетни автомобили опремени со каросерија се менувани од голем број производители како што се Пининфарина, Загато и Бертоне. Овој изглед пнатаму ќе продолжи да се сористи за повеќето Ферари автомобили од 1980-тите и 1990-тите години. V8 Ферари моделите сочинуваат повеќе од половината на вкупното производство на овој бренд. Меѓувреме, Ферари направи 2 +2 верзии на своите автомобили со средни мотори V8. Иако тие изгледаат сосема различно од нивните автомобили со две седишта, и двата модела GT4 и Мондиал беа многу слични на 308 GTB. Компанијата исто така има произведено и 2+2 автомобили со предни мотори, коишто кулминираат во моменталните 612 Скаглиети и Калифорнија. Ферари го воведе средниот мотор со 12 –цилиндричен дел со Берлинета Боксер во 1973 година. Подоцна Тестароса останува еден од најпознатите Ферари.
Супер автмобили Најголемите напори во компанијата биле направени за пазарот на супер автомобилите. 1962 250 GTO може да се смета дека е прв во линијата на супер автомобили на Ферари, којшто се надградува на неодамнешните Ензо и FXX модели.
Концепт автомобили и промоции Ферари произведе голем прој на концепт автомобили, како на пример Ферари Митос. Додека некои од нив биле доста радикални ( како на пример Ферари Модуло) и никогаш не биле наменети за производство, другите како Ферари Митос покажаа стилски елементи коишто подоцна се вградени во производните модели. Најновиот концепт за автомобил произведен од Ферари беше Ферари Милечили во 2010 година. Исто така се произведуваа голем број на еднократни специјални верзии на патничките автомобили на Ферари , некои од нив биле нарачани од страна на богатите сопственици. Еден таков пример е Ферари Р4/5. Програмот за специјални проекти е соработка од страна на Ферари со италијанските дизајнери на автомобили како Фиораванти, Пининфарина, и Загато за да се направат автомобили коишто ќе ги користат моделите на Ферари како структурна база. Првиот автомобил којшто е направен според овој програм е ЅР1, нарачан од страна на јапонски бизнис извршител. Вториот е Р540 Супербрзата Аперта, нарачана од американски ентузијаст.
Био–гориво и хибридни автомобили