Рождество на Пресвета Богородица — православна црква во Мало Коњари. Црквата претставува еднокорабна градба, полукружно засведена и со полукружна апсида на источната страна, која од надвор е расчленета на седум плитки ниши. Подигната е во 1873 година, а живописана во 1875 година.
Пред влезот на црквата, од западната страна се наоѓа камбанаријата со отворен трем, подигната во 1920/30 година. Во црквата има богат и раскошен фрескоживопис. Црквата целосно е фрескописана во 1875 година од мајсторот Стојче Станков од Крушево. Наводи
Категорија:Мало Коњари