Селечки манастир — манастир кој се наоѓа во селото Селце. Самиот манастир е во непосредна близина и на градот Прилеп, поради што е често посетуван од страна на граѓаните на Прилеп, од каде што води асфалтен пат.

Историја

Изграден е во 1933 година и истата година е осветен од тогашниот битолски епископ Николај (Велимировиќ). Манастирот е сместен во шумско подрачје на планината Селечка, на неколку километри од градот Прилеп.

Денес во тек е градбата на новите конаци и новата камбанарија.

Цркви

Околу манастирот се наоѓаат и малите црквички „Св. Петка“ и „Св. Илија“. Воедно, покрај манастирот, како крст се распоредени и четири свети води: Света Недела, Свети Димитрија, Света Петка и Средочна Вода.

Наводи

Категорија:Селце (Прилепско) Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија Категорија:Манастири во Прилепското архијерејско намесништво