Лазар Хребељановиќ (Прилепец, 1329 - Косово поле, 15/28 јуни 1389), познат во легендите и како цар Лазар, бил српски кнез кој владеел со дел од поранешната држава на Немањиќите по смртта на царот Урош V. Лазар загинал во битката на Косово 1389 година, и наскоро по неговата смрт бил прогласен за светец.

Потекло Кнезот Лазар Хребељановиќ е роден околу 1329 годинаМихаљчиќ Р., Крај Српског Царства. Београд 1989 (друго издање), 247. во ПрилепецМихаљчиќ Р., Лазар Хребрељановиќ – историја, култ, предање. Београд 2001, 17., близу познатото рударско средиште Ново Брдо. Татко му Прибац Хребељановиќ бил логотет на царот Душан, а потоа напредувал во службата како слуга или пехарник. Родоначалникот на фамилијата Хребељановиќи не е познат во изворитеIbid., 17.. По се изгледа тие не потекнувале од стара владетелска фамилија. Нивната баштина се наоѓала близу до Ново Брдо, но нејзиниот обем не е утврден. Патријархот Данило нагласува дека Лазар се оженил за Милица, ќерката на „великиот кнез Влатко“, потомок на синот на Немања Вукан. Уште понагласен во поглед на потеклото на кнезот е текстот на старите српски родослови. Кнезот Лазар „не беше пак од царска крв, меѓутоа, жената негова била од племињата на порано споменатите цареви“.Михаљчиќ Р., Крај Српског Царства. Београд 1989 (друго издање), 248.

Служба на царскиот двор Младиот Лазар кариерата ја започнал како „ставилец“Ставилец, во оригинал ставилац*, е стара дворска титула во средновековна Србија и Босна. Одговара на византиските дворски титули доместик и столник. во дворот на цар Душан. Првите четири децении од животот на Лазар се целосно прекриени во темница. Сè до почетокот на седмата деценија на XIV век за него нема директни вести во современата дипломатска граѓа. Само е познато тоа дека Лазар продолжил да биде во служба и на царот Урош, наследникот на Душан. По се изгледа Урошовиот дворјанин подолго време не тргнал по патот на српските великани кои создавале независни феудални области, спротивствувајќи се на тој начин на централната власт. Но Лазар, не стоел на страна од случувањата. Неговиот углед на царскиот двор први го почувствувале Дубровчаните. Спроти склучувањето на Оногошкиот мир помеѓу Српската држава и Дубровничката Република, советот одлучил да го дарува Лазар со три свитоци ткаенина иако тој директно не учествувал во преговорите.

Лазар припаѓал на кругот на младата властела. На царскиот двор тој останал до 1363, а можеби до 1365 година, кога царот Урош добил совладател во личноста на кралот Волкашин, противникот на рашката властела. Во јули 1363 година царот Урош ја потврдил замената на градот и жупата Звечан за град и жупата Бревеник помеѓу хумскиот кнез Воислав Воиновиќ и челникот Муса.Ibid., 248. Со кнезот Воислав, како милосник во оваа повелба се наоѓа и Лазар како шура на челникот Муса. Не е познато од кога Лазар ја носи титулата кнез. Тој многу долго време ја носел скромната дворска титула која што му ја доделил уште Душан. Со титулата кнез првпат се сретнува шест години по воспоставуањето на совладетелството помеѓу царот Урош и кралот Волкашин. Во една которска привилегија тој е забележен како Conte Lazaro, но по се изгледа оваа повелба е фалсификат.

Издигнувањето на кнезот Лазар

Набрзо по поразот на браќата Волкашин и Углеша во Битката кај Черномен покрај реката МарицаАтанасовски А., Македонија во XIV век. Тетово 2009, 188. умрел царот Урош VПетровски Б., Историја на балканските земји во XIV-XV век. Скопје 2010, 99. (1371). По неговата смрт дошло до нова поделба на Српското Царство со што започнале нови огоречни борби помеѓу месните феудалци. Тогаш практично, кога централната власт сосема исчезнала, се осамостоил и Лазар Хребељановиќ. Меѓутоа, во тој ран период не сме во можност сосема точно да ги одредиме терииториите на Лазар. Неговата баштина секако се наоѓала кај Ново Брдо, околу Прилепец, каде што бил и роден.Михаљчиќ Р., Крај Српског Царства. Београд 1989 (друго издање), 249. Бидејќи Ново Брдо и Приштина најпрво ги држел кралот ВолкашинАтанасовски А., Македонија во XIV век. Тетово 2009, 175., па звечниот кнез Воислав Воиновиќ и најпосле жупанот Никола Алтомановиќ, областите на Лазар Хребељановиќ во текот на почетокот на седумдесеттите години од XIV век треба да се бараат некаде помеѓу Ибар и долниот тек на Западна и Јужна Морава. Не е познато дали Лазар се проширил на север од споменатите реки. Растислалиќите, од време на време самостојни областни господари, а почесто вазали на унгарскиот крал, ги држеле Браничево и Кучево. Не се познати јужните гранци на областите на Растислалиќите за да сме во можност точно да го определиме просторот до кај што допирало влијанието на унгарскиот крал Лудвиг, кој во есената 1368 година, кај Ковин го преминал Дунав и по долината на Велика Морава се спуштил до Сокобања за да му помогне на својот поданик Petru de Himu.

Судирот со Никола Алтомановиќ Во тие години особено се издигнал кнезот Никола Алтомановиќ. Агресивен на сите страни, жупанот Никола си создал моќни непријатели.Историја народа Југославије т.1, Београд 1953, 443. ; Јиричек К., Историја Срба књига 1, политичка историја до 1537 године. Београд 2006, 319. Но додека тој бил зафатен со борбите против Дубровник, кнезот Лазар кон крајот на 1370 година привремено го освоил РудникИсторија народа Југославије т.1, Београд 1953, 443., најважниот и најбогатиот негов град. Тоа бил првиот значаен продор на Лазар Хребељановиќ на север.

Причината и почетокот на судирот помеѓу двата рашки области владетели останува најнеистражениот и најтемниот дел од биографијата на кнезот Лазар. Досега претежно било толкувано од страна на истражувачите дека виновен за ситуацијата бил жупанот Никола со своите територијални апетити, кој воедно бил и главната пречка за обнова на Српската држава. Но вестите на Мавро Орбини за почетокот на нивниот судир не се поволни за Лазар Хребељановиќ. Причината за субјективниот поглед кон дејствата на Лазар најверојатно треба да се бара во тоа дека, историчарите, биле под влијание на легендарната личност на косовскиот маченик.

Насетувајќи ја опасноста од агресивниот сосед, Лазар стапил во сојуз со босанскиот бан Твртко и со кралот на Унгарија и Полска, Лудвиг I, на кого што морал да му вети извесни „услуги и даноци“.Јиричек К., Историја Срба књига 1, политичка историја до 1537 године. Београд 2006, 320. По Орбини, Лазар му плаќал на својот сизерен 10,000 фунти сребро, ветувајќи му дека ќе му служи верно, на што кралот Лудвиг му го испратил во помош војсководецот Никола Гаревиќ (de Gara) со 1000 копљаници. Жупанот Никола залудно барал помош од Балшиќите. Никола притиснат од сите страни, започнала да го напушта и неговата властела, пребегнал во Ужице, но тука бил опколен, фатен и ослепен (1373).Ibid., 320. ; Историја народа Југославије т.1, Београд 1953, 448. ; Михаљчиќ Р., Крај Српског Царства. Београд 1989 (друго издање), 251. Неговите пространи области ги поделиле помеѓу себе Лазар и Твртко. Лазар ги добил источните и северните делови со Рудник, Ужице и други градови, додека босанскиот бан Твртко ги зазел оние територии по сливот на горниот тек на реката Дрина.Петровски Б., Историја на балканските земји во XIV-XV век. Скопје 2010, 100.

Лазар Хребељановиќ како најмоќен српски феудалец мини|Кнежевството на Лазар, познато во историографијата како Моравска Србија Со победата над Никола Алтомановиќ кнезот Лазар избил во ред на првите великани, а наскоро станал и најбогатиот областен господар, бидејќи ги контролирал двата најзначни центри во средновековна Србија – Ново Брдо и РудникIbid., 100. ; Михаљчиќ Р., Крај Српског Царства. Београд 1989 (друго издање), 251.. Тоа му овозможило да создаде силна економска база за натамошен развиток на неговата држава. Сепак неговата сила во осумдесеттите години на XIV век не треба да биде преценувана. Победата над жупанот Никола, кнез Лазар ја платил со вазалство кон унгарскиот крал со одредени, изгледа не така мали обврски. Ширењето на кнежевската држава кон север за извесен временски период било стопирано. Секако неговата положба во овој период говори зошто тој останал пасивен кон случувањата кои се задирале во неговите интереси. Кога босанскиот бан Твртко, октомври 1377, се прогласил за „крал на Србија, Босна, Поморието и Западните страни“Петровски Б., Историја на балканските земји во XIV-XV век. Скопје 2010, 134., реагирал само Ѓураѓ Балшиќ, иако новата титула на најистакнатиот Котроманиќ се косела со амбициите на сите српски областни владетели.

Во текот на осмата деценија на XIV век кнезот Лазар ја консолидирал својата власт над областите кои ги управувал. На кнежевните благородници им се спротивставуала една група непознати феудалци, но Лазар, како што ни известува Константин Филозоф „од почетокот ги покори под своите нозе. А овие беа Никола Зојиќ и Новак Белоцрквиќ со некои други“Михаљчиќ Р., Крај Српског Царства. Београд 1989 (друго издање), 252. Меѓутоа кнезот Лазар благонаклонето се однесувал према властелата што го признавала како врховен господар. Дури тој им доделувал мали територии на управување. Претежно таа властела била сочинета од негови блиски роднини.

Пред 1380 година кнезот Лазар особено ја проширил својата територија кон север. Тој во 1379 година, со победата над Радич Бранковиќ-Растислалиќ, пред смртта на моќниот Лудвиг I, избил на Дунав. Не е познато дали тоа Лазар го направил како независен областен господар или пак како унгарски вазал. Во текот на 1378 година Лудвиг I се подговувал за поход против Србија, но не е јасно против кого походот требало да биде насочен. Дали против Растислалиќите кои и порано во згодни прилики ја покажувале својата непослушност или пак против кнезот Лазар кој во меѓувреме особено зајакнал. Во секој случај Лазар, следната година го победил Радич Бранковиќ, господарот на Браничево и Кучево. Не е исклучено дека кнезот тоа го извршил по одобрување на Лудвиг, на чие претходно одобрување бил уништен и жупанот Никола Алтомановиќ. Но сепак односот на кнезот Лазар кон унгарскиот двор во последните години од Лудвиговото владеење не е јасен. Односот помеѓу овие два субјекта од корен се менува по смртта на Лудвиг, по 1382 година. Кнезот Лазар не само што ги раскинува вазалните врски кон унгарскиот двор, туку ги напаѓа и Београд и Голубац, а неговите трупи дури ја преминуваат и СаваМихаљчиќ Р., Крај Српског Царства. Београд 1989 (друго издање), 254.. По се изгледа кнезот, заедно со кралот Твртко, се меша и во династичките борби во Унгарија, но во очи на косовската битка тој морал да се помири со кралот Жигизмунд, примајќи ги старите обврски.

Врските со Српската црква Во јакнењето на својата власт кнезот Лазар имал голема поддршка и од српската црква која сесрдно го помагала, а како што е видливо од повелбите на патријархот Спиридон (1379-1389) го признавала за самодржавен владетел на сите СрбиПетровски Б., Историја на балканските земји во XIV-XV век. Скопје 2010, 100. ; Историја народа Југославије т.1, Београд 1953, 449. ; Михаљчиќ Р., Крај Српског Царства. Београд 1989 (друго издање), 257.. Со негова помош настанал поволен пресврт на односите со Византија, бидејќи во 1375 година бил решен споротОстрогорски Г., Историја на Византија. Скопје 1992, 658. ; Петровски Б., Историја на балканските земји во XIV-XV век. Скопје 2010, 100. ; Историја народа Југославије т.1, Београд 1953, 449. ; Михаљчиќ Р., Крај Српског Царства. Београд 1989 (друго издање), 257. што настанал со основањето на српската патријаршија: анатемата што била фрлена на српската црква била отповикана, а на нејзиниот поглавар му била призната титулата патријарх. Кнезот Лазар се одолжил на Пеќската патријаршија се подигање на многу црвки и манастири, подарувајќи им бројни имоти. На манастирот Равница (близу Параќин), при основањето со грамота му доделил дури 148 села расфрлани низ целата земја, повеќе од било кој друг манастир пред него, како и бројни други приходи и привилегии. Во грамотата тој заповеда : По се изгледа Лазар не ги заборавил и светогорските манастири.

„Самодржац всем Србљем“