мини|Поглед кон административен објект во Дан Лири Дан Лири-Ратдаун ()Изборен амандман-закон 2009 – Распоред , ) е грофовија во Ирска. Грофовијата е дел од статистичкиот регион Даблин, а административно ѝ припаѓа на покраината Ленстер. Го носи името на населбата Дан Лири и полубаронијата Ратдаун. Со грофовијата раководи Грофовискиот совет на Дан Лири-Ратдаун. Населението брои 233,860 жители.Попис 2006 – Населението на секоја покраина, грофовија и град
Географија и административна поделба Дан Лири-Ратдаун на исток се граничи со Ирското Море, на север со самиот град Даблин, на запад со Јужен Даблин, а на југ со грофовијата Виклоу. Во грофовијата се сместени Даблинскиот универзитетски колеџ и Институт за уметност, дизајн и технологија на Дан Лири. Ова е една од трите помали грофовии што се формирале со поделбата на поголемата грофовија Даблин во 1994. Географски, грофовијата се наоѓа југоисточно од градот Даблин, а нејзин административен центар е Дан Лири.
Населени места
Балинтир Белибрек Белфилд Блекрок Бреј Бутерстаун Гластул Гленагири Гленкален Гоутстаун Дан Лири Дандрум Динсгрејнџ Долки Кабинтили Карикмајнс Килини Килмакод Килтернан Клонски Лепардстаун Лохлинстаун Монкстаун Ратфарнам Салиногин Сендикоув Сендифорд Сепасајд Стилорган Фоксрок Черивуд Черчтаун Џонстаун Шанхил
Наводи
Надворешни врски
Градски совет на Дан Лири-Ратдаун Претприемачки одбор на Дан Лири-Ратдаун Туристички портал на Дан Лири-Ратдаун
Категорија:Грофовии во Ирска Категорија:Даблин (грофовија)