Жан Кристоф Перо (; р. во ) — поранешен француски професионален планински и друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата . Бил член од француската репрезентација на Летните олимписки игри 2008. Професионално настапувал од 2010 до 2016 година.
Кариера
Настапувајќи на Летните олимписки игри 2008 во пекинг го освоил сребрениот медал на машката крос-кантри трка. Во јуни 2009 станал изненадувачки победник на француското национално хронометарско првенство.Ѕвездата од планинскиот велосипедизам ги изненади сите на француското хронометарско првенство Ова довело да потпише со UCI World Tour екипата за сезоната 2010, за да го зголеми нивното хронометарско присуство на етапните трки. Моментално вози за , со кого го постигнал 2. место на Критериум Интернасионал 2011 и 9. место на Тур де Франс 2011. Паднал во последната недела на Тур де Франс 2013 во текот на хронометарот на два километра пред крајот, возејќи со фрактура на клучната коска здобиена во мината несреќа истото утро. Перо бил повторно деветти во генералниот пласман пред несреќата зад предводникот на трката Крис Фрум.
Во 2014 година, Перо го освоил Критериум Интернасионал во март. Исто така, забележал солидни резултати помеѓу првите пет на Тирено-Адријатико, на Волта ао Алгарве и на Трката околу Баскија. По ова, Перо имал одличен настап на Тур де Франс 2014, каде завршил на второто место во генералниот пласман. Тој и Тибо Пино станале првите Французи на подиум на Тур де Франс од 1997 година.
Во 2015 година, Перо ја повторил својата победа на Критериум Интернасионал со освојување на последната етапа. Го освоил генералниот пласман со разлика од десет секунди од сонародникот Тибо Пино. „На почетокот, мислев дека ќе му помагам на (колегата) Алекси Вијермоз. Но, нападнав и се најдов сам“, изјави Перо. „Оваа победа е важна по тешки времиња и две операции оваа зима“.
Достигнувања
2009 1. 20п Национален хронометарски првак 2010 4. Краен пласман Вуелта ал Паис Васко 9. Краен пласман Париз-Ница 2011 2. Краен пласман Трка околу Медитеранот 6. Краен пласман Париз-Ница 6. Краен пласман Критериум Интернационал 9. Краен пласман Тур де Франс 2013 2. Краен пласман Средоземна трка 1. Етапа 4 3. Краен пласман Париз-Ница 5. Краен пласман Критериум Интернасионал 6. Краен пласман Тур де Романди 2014 1. 20п Краен пласман Критериум Интернасионал 2. Краен пласман Средоземна трка 1. Етапа 5 2. Краен пласман Тур де Франс 3. Краен пласман Трка околу Баскија 4. Краен пласман Тирено-Адријатико 5. Краен пласман Тур де л’Ен 2015 1. 20п Краен пласман Критериум Интернасионал 1. Етапа 3 2016 9. Краен пласман Џиро дел Трентино
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка201020112012201320142015201620п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро——————СО20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур—944СО261—20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта39—————13
СО = се откажал; — = не учествувал
Други поголеми етапни трки
Трка2010201120122013201420152016 Париз-Ница86903—СО— Тирено-Адријатико————4—24 Волта а Каталуња——————— Трка околу Баскија4604173—— Тур де РомандиСО4096632—— Критериум ду ДофинеСО768—37—— Тур де Свис———13——56
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Француски велосипедисти Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2004 Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2008 Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012 Категорија:Олимписки медалисти во велосипедизам Категорија:Олимписки велосипедисти на Франција Категорија:Олимписки сребрени медалисти за Франција Категорија:Родени во 1977 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Тулуза