Климештани — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.
Географија и местоположба Селото Климештани се наоѓа во областа Дебрца, во подножјето на Караорман.
Историја Во XIX век селото било дел од Охридската Каза на Отоманското Царство.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Климештани живееле 80 жители, сите Македонци.Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.253 Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Климештани имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 164-165.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Климешчани (Климентово) е претставен како чисто македонско село во Охридската Каза на Битолскиот Санџак со 15 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.
Според пописот од 2002 година, во селото Климештани живеат 57 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 37 жители, од кои 35 Македонци и 2 лица без податоци.
Родови
Климештани е македонско православно село, селото не е многу старо, настанато е околу 1840 година.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940тите, родови во селото:
Староседелци: Белевци (10 к.), Којовци (3 к.) и Крушаровци со Јолевци (3 к.) Доселеници: Поповци или Цветковци (4 к.) за нивното потекло има две преданија, според првото доселени се од кичевско, а според второто припаѓаат на родот Поповци во Мешеишта; Крстановци (4 к.) доселени се од струшкото село Ложани, каде припаѓале на родот Шурдовци.
Според истражувањата од 1977 година, родови во селото се:
Доселеници: Белевци (15к.) еден од трите најстари родови во селото, доселени се од сега раселеното село Црско кое постоело во атарот на селото Поум; Крушаровци (4 к.) доселени се кога и Белевци, доселени се од селото Куратица; Крстановци (2 к.) доселени се кога и претходните два рода, доселени се од селото Волино; после овие 3 рода во селото се населиле Наумовци (3 к.) и Димитриевци (2 к.) доселени се од селото Мешеишта, во родот Димитриевци се знае следното родословие: Аргир (жив на 73 г. во 1980 година) Коста-Лазо-Димитрија кој се доселил од Мешеишта. Во Мешеишта припаѓале на родот Поповци.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1348 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 44 гласачи.
== Иселеништво == Постари иселеници од селото има во Северна Америка (1 семејство) од 1923 година, и во Романија (2 семејства) од 1904 година.
Иселеништвото продолжило помасовно после 1960 година и има иселеници во Охрид и Австралија.
Личности
Наум Наумоски - македонски партизан. Стојан Којоски - македонски партизан.
Поврзано Дебрца Општина Дебрца Белчишта
Наводи
Надворешни врски
Сателитска снимка на Климештани на Карти на Гугл
Категорија:Села во Македонија Категорија:Охридски села Категорија:Села во Општина Дебрца