Катанга (), 1971-1997: Шаба (Shaba) — покраина во југоисточниот дел на Демократска Република Конго. Зафаќа површина од и има 5.608.683 жители. Според разновидноста и резервите на руди, таа претставува најбогато рударско подрачје во светот. По производство на кобалт зазема прво место во светот, а по производство на бакар е еден од најголемите производители во светот.

Во Катанга има наоѓалишта на: уран, манган, цинк, олово, сребро, дијаманти и други видови минерали.

Познати личности Лоран Кабила (1939-2001) — претседател на ДР Конго, соборвач на Мобуту Сесе Секо Моиз Чомбе (1919-1969) — претседател на отцепничката држава Катанга

Поврзано Катанга (држава) Конгоанска криза

Наводи

Надворешни врски

Покраински протал на Катанга ООН и Конго Катанга — WorldStatesmen

Категорија:Покраини во Демократска Република Конго