Гванако (науч. Lama guanicoe; од ) — јужноамериканско животно од семејството камили (Camelidae). Високо е 107-122 см (кај плеќите) и тежи околу 90 кг. Бојата се разликува многу малку (за разлика од домашната лама), од светлокафеава со темноциметна боја, која постепено се прелева во бела во долниот дел. Имаат сиви лица и мали исправени уши.
Живеалишта и бројност мини|десно|300п|Стадо гванака Матично живеалиште на гванакото се пустите планински предели во Јужна Америка. Се среќаваат по висорамнините во Перу, Боливија, Еквадор, Колумбија, Парагвај, Чиле и Аргентина. Во Аргентина највеќе ги има во Патагонија, и тоа на места како Националниот парк Торес дел Пајне и Огнена Земја. Во овие подрачја тие се најбројни, веројатно бидејќи немаат конкуренција во исхраната од добитокот. Гванакото има животен век од 20 до 25 години.
Во 2011, нивната бројност е проценета на 400.000 до 600.000 единки.C. Michael Hogan. 2008
Живеат во стада составени од доминантен мажјак, женки и нивните младенчиња. Младите мажјаци што немаат свое стадо се групираат во посебни „ергенски“ стада. Женските групи се мали (до 10 единки), но машките достигнуваат и до 50 гванака. Кога некој од стадото ќе почувствува опасност, истиот дава сигнал во облик на пискаво блеење за да им соопшти на другите дека треба да бегаат. Мажјакот трча последен, зад стадото, за да ги брани. Трчајќи, гванаката достигнуваат брзина до 56 км/ч, честопати по стрмен и карпест терен.Гванако - Водичи за жвотните на Discovery Гванаката се одлични пливачи, но имаат и необичен начин на опстанок - лижење на хранливи материи и роса од пустинските кактуси.
Тие се едни од најголемите диви животни во Јужна Америка (заедно со морската крава, тапирот и јагуарот). Имаат само еден природен пердатор - пумата.Гванако - Зоолошка градина на Сан Диего Кога се во опасност, гванаката почнуваат да плукаат.
Како заштита од опасности, гванакото има дебела кожа на вратот, исто како неговите питоми сродници, ламата и алпаката, како и дивиот сродни, викуњата. Во Боливија, кожата од вратот се користи за изработка на ѓонови во чевларството.
мини|десно|350п|Гванака во националниот парк Торес дел Пајне, Патагонија
Пород Откако ќе забремени, женката по 11 месеци раѓа едно младо („чуленго“). Младото може да оди веднаш штом ќе се роди. Машките се бркаат од стадото кога ќе наполнат една година.
Влакна Влакната на гванакото се особено ценети поради мекоста и топлината, и се користат за луксузни материјали. Единствено поценета волна е онаа на викуња. Крзното од младенчињата напати се користи како сурогат за крзно од црвена лисица бидејќи тешко се разликува. Како и нивниот домашен потомок, ламата, гванакото има два кожува - горниот има заштитна улога и е погруб, додека долниот е помек, со пречник 16-18 µ најквалитетниот кашмир.
Поврзано Викуња Лама Алпака
Наводи
C. Michael Hogan. 2008. Guanaco: Lama guanicoe, GlobalTwitcher.com, ed. N. Strömberg Estancia La Caledonia Sur, Guanacos, The original inhabitants of Patagonia.
Надворешни врски
Гванако (Lama guanicoe) - Енциклопедија на живиот свет Гванако - Animal Planet
Категорија:Камили Категорија:Цицачи на Јужна Америка Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ