Матс Јулијан Хумелс (р. во Бершки Гладбах) — германски фудбалер, на Рома. Со германската репрезентација бил светски шампион во 2014.

Кариера Клупска кариера Хумелс потекнува од младинската школа на Бајерн Минхен во која доаѓа на шест години. Првиот професионален договор со клубот го потпишува на 19 декември 2006. Во мај следната година, Хумелс дебитира за Бајерн во победата над Мајнц од 5-2 во последното коло од Бундеслигата за сезоната 2006-2007.

Во јануари 2008. Хумелс заминува на позајмица во Борусија Дортмунд. Таму добива многу повеќе шанса за настап и во целата полусезона е стандарден во централната одбранбена линија заедно со Невен Суботиќ. По година дена кога неговата позајмица истече, Борусија јасно се изрази дека сака да го задржи Хумелс во својте редови и во февруари 2009 го откупи неговиот договор за сума од 4 милиони евра.

Во текот на сезоната 2010-11 Хумелс беше важна алка во шампионскиот тим на Борусија Дортмунд кој успеа да стигне до насловот во Бундеслигата, и беше назанчен за еден од најдобрите дефанзивци во Европа. Следната сезона беше уште поуспешна за Матс кој со својот тим успеа да ја одбрани туитулата во Бундеслигата, но на тоа го придодаде и успехот во Купот на Германија, каде неговиот сегашен тим со 5-2 во финалето го прегази неговиот поранешен тим Бајерн Минхен. Хумелс го постигна вториот погодок од пенал во овој натпревар и во тој момент и даде предност на Борусија од 2-1 во 41-ата. минута.

На 3 јуни 2012. играчот потпишува нов договор со Борусија Дортмунд кој има важност до 2017. година.

Репрезентативна кариера За сениорската репрезентација на Германија Хумелс го има своето деби во пријателски меч со Малта на 13 мај 2010. Во игра влегува како замена на полувремето на местото на Сердар Ташчи, а Германија победи со 3:0 во тој натпревар.

Селекторот на Германија Јоаким Лев го повика Матс Хумелс меѓу 23-цата репрезентативци за настап на Евро 2012. Хумелс е главен стопер на репрезентацијата и незаменлив таму и затоа играше на сите натпревари на репрезентацијата. Германија стигна до полуфиналето, но таму загуби од Италија со 1-2.

Титули Борусија Дортмунд Бундеслига (2) : 2010–2011, 2011–2012 Куп на Германија (1) : 2011–2012

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место на фудбалерот Матс Хумелс на soccerway Mats Hummels at transfermarkt.de ESPN Soccernet profile

Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери на ФК Бајерн Минхен Категорија:Фудбалери на ФК Борусија Дортмунд Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Германски фудбалери Категорија:Живи луѓе