Ачешки јазик или само ачех (Bahsa Acèh) — малајско-полинезиски јазик што го говори народот Ачеси во покраината Ачех на островот Суматра, Индонезија. Се говори и во ачешката дијаспора во извесни делови на Малезија како Јан во сојузната држава Кедах.
Класификација и сродни јазици Овој јазик припаѓа на малајско-полинезиската гранка на австронезиското семејство. Најсродни на него се другите чамски јазици како џарајскиот и чамскиот (230.000 и 280.000 говорници) во Камбоџа и Виетнам. Други сродни јазици се малајските, минангкабајскиот, гајскиот и батачките јазици.
Распределеност мини|Распределеност на ачешкиот јазик во покраината Ачех
Јазикот се говори претежно во крајбрежните делови на Ачех, и тоа во 10 намесништва и 4 општини.
Фонологија мини|Двојазичен знак што предупредува од цунами на индонезиски и ачешки
Ова се фонемите во ачешкиот јазик.
+СамогласкиПредниСредниЗадниусниносниусниносниусниносниЗатворениi ĩɨ ɨ̃u ũПолузатворениe ɛ̃ə ʌ̃o ɔ̃ПолуотворениɛʌɔОтворениaã
Самогласките се претежно спарени како усна-носна, иако постојат само три средни носни, а двојно повеќе средни усни самогласки. не е сосем средна, но тука е прикажана како таква од естетски причини. Слично на неа, се претставува и како позадна . Покрај горенаведените монофтоншки самогласки, ачешкиот има и пет усни дифтонзи, од кои секој има свој носен пандан:
мини|десно|Рачно пишувана книга на ачешка арабица
+СогласкиУсненаВенечниПредно-непчениЗадно-непчениГласилниНосниmnɲŋИзбувниp bt dc ɟk gʔСтрујниsʃhПриближниwljТрепетниr
e ламинална венечно-забна согласка. технички е задновенечна, но стои колоната на преднонепчените од естетски причини.
Писмо Порано ачешкиот се пишувал со арабица наречена „џавое“ (џави на малајски), но иста сега речиси воопшто не се користи. Денес јазикот се пишува со латинична азбука во која, покрај вообичаените букви, се користат и буквите é, è, ë, ö и ô.
Дијалекти Досега не е псорведено темелно истражување на дијалектите на ачешкиот јазик, но се смета дека постојат барем 10: пасе, пеусанган, матанг, пидие, буенг, банда, даја, меулабох, сеунаган и тунонг.Sulaiman, B. 1981. Kedudukan dan Fungsi Bahasa Aceh di Aceh. Jakarta: Pusat Pembinaan dan Pengembangan Bahasa
Поврзано Чамски јазици Малајско-сумбавски јазици Јазици во Индонезија
Наводи
Литература
Durie, Mark. "The So-Called Passive of Acehnese." Language. Linguistic Society of America, Vol. 64, No. 1 (Mar., 1988), pp. 104–113 Достап. на JSTOR: http://www.jstor.org/stable/414788
Надворешни врски
Изучување на ачешкиот јазик Изучување на ачешкиот јазик Ресурси за ачешката книжевност
Категорија:Јазици во Индонезија Јазик Категорија:Чамски јазици Категорија:Загрозени јазици во Азија