300px|мини|ФК Бурсаспор своите домашни натпревари ги игра на стадионот Ататурк

Фудбалскиот Клуб Бурсаспор () е турски професионален фудбалски клуб од градот Бурса формиран во 1963 година. Клубот има повеќе прекари од кои најпознати се зелено-белите и зелените крокодили. Боите на клубот се зелена и бела. Во домашни рамки, клубот ја освоил Турската Супер лига во сезоната 2009-10 со што станал само вториот клуб од Мала Азија на кој му успеало тоа, и петти клуб кој ја освоил Турската Суперлига.ANADOLU KRALI (Kingdom of the Anatoluim) , accessed 30 May 2011 Клубот исто така го освоил и Турскиот Куп во 1986 година.

Во сезоната 2009-10, ФК Бурсаспор ја освоил Турската Суперлига за првпат во својата историја со 75 бодови, еден помалце од второпласираниот Фенербахче.Bursaspor Pip Fenerbahce To Turkcell Super Lig TitleYeşil devrim ФК Бурсаспор станал вториот клуб надвор од Истанбул што ја освоил Турската Супер лига, придружувајќи му се на ФК Трабзонспор кој ја освоил својата прва титула во 1976. Пред да ја освои титулата, Бурсаспор никогаш не бил пласиран во првите три на табелата. Клубот станал четвртиот турски фудбалски клуб кој отворил своја телевизија посветена на клубот. Во групната фаза од Лигата на Шампионите 2010/11 клубот играл во Ц групата заедно со Манчестер Јунајтед, Валенсија и Глазгов Ренџерс. На натпреварот против Глазгов Ренџерс, клубот одлучил играчите да не го носат првиот дрес, бидејќи нивниот дрес наликувал на дресот на најголемиот соперник на Глазгов Ренџерс, Селтик.

Бурсаспор, своите домашни натпревари ги игра на стадионот Бурса Ататурк кој е изграден во 1979 година.

Успеси Турска Супер лига: Шампион (1): 2009/10 Куп на Турција: Освојувач (1): 1986/87 Финалист (4): 1970/71, 1973/74, 1991/92, 2011/12 Суперкуп на Турција: Финалист (2): 1986, 2010

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место Официјална продавница Официјален семрежен ТВ-канал Официјално семрежно списание Навивачи на Бурсаспор

Категорија:Фудбалски клубови од Турција