Гласилна (грклена или глотална) — согласка што се создава со гласилката („глотис“). Многу фонетичари ги сметаат (барем струјните) за преодни состојби на гласилката без место на творба какво што имаат другите согласки, а некои воопшто не ги сметаат за согласки. Како и да е, гласилните гласови во многу јазици играат улога (т.е. се однесуваат како) согласки. На пример, во литературниот арапски јазик, највеќето зборови се образуваат од корен (основа) што се состои од три согласки и се вметнува во шаблонизирани состави на гласови. Гласилните согласки и може да стојат на било кое место во трисогласната основа, исто како „нормалните“ согласки како што се и .

Гласилни согласки според МФА Според меѓународната фонетска азбука (МФА), гласилни согласки се следниве:

МФА Опис Пример Јазик Правопис МФА Значење Податотека:Xsampa-questionmark.png гласилна избувна согласка хавајски ‘okina окина Податотека:Xsampa-hslash.png мрморна гласилна „струјна“ согласка чешки Praha Прага Податотека:Xsampa-h.png безвучна гласилна „струјна“ согласка англиски hat шапка

Особености Во контекст на гласилните согласки, „струјните“ гласови не се вистински струјни согласки, туку поимот се користи од историски причини. Овие гласови претставуваат преодни состојби на гласилката (фонација) без конкретно место на творба. е безвучен преод. е мрморен преод, и може да се претстави како .

Гласилната избувна согласка се јавува во многу јазици. Честопати на сите самогласни почетоци им претходи гласилна избувна согласка, како во германскиот јазик. Во хавајскиот, овој глас се претставува со апостроф (‘). Некои азбуки за оваа цел имаат дијакритички знаци, како што е хамзата ⟨⟩ во арабицата. Многу јазици во Средна Америка ја користат латиничната буква ⟨h⟩ за гласилната избувна согласка, додека малтешки ја користи буквата ⟨q⟩.

Поврзано Надгласилна согласка Голтничка согласка Ресична согласка Место на творба

Наводи

Категорија:Согласки