Кедел Ли Еванс АМ (; р. ) — поранешен австралиски професионален велосипедист и победник на Тур де Франс 2011. На почетокот на неговата кариера, Еванс бил првак во планински велосипедизам, победувајќи го Светскиот куп во 1998 и 1999 и пласирајќи се седми на трката во крос-кантри во планински велосипедизам на Летните олимписки игри 2000 во Сиднеј. Кедел Еванс е четикратен олимписки учесник.
Еванс се префрлил целосно на друмскиот велосипедизам во 2001 и постепени се пробивал нагоре. Тој завршил втор на Тур де Франс во 2007 и 2008. Станал првиот Австралиец, кој го освоил UCI ProTour (2007) и Светското друмско првенство UCI во 2009. Конечно го освоил Тур де Франс во 2011, возејќи за , откако на двапати бил проследен со лоша среќа. Со 34 години, тој е меѓу петте најстари победници во историјата на трката. Заедно со Американецот Грег Лемонд, тој е еден од само двајцата неевропејци кои „официјално“ го освоиле Тур. На другите двајца неевропски победници, Американците Ленс Армстронг и Флојд Лендис, им биле поништени нивните победи поради допинг.
Еванс се повлекол на 1 февруари 2015 година, откако ја завршил трката именувана во негова чест.
Ран живот
Кедел Еванс е роден на 14 февруари 1977 во Катерина, Северна Територија, Австралија, од Хелен Кокс, менаџер на банка и Пол Еванс, надзорник. Тој го поминал неговото рано детство во малата абориџинска заедница Барунга, 80 километри источно од Катерина. На возраст од седум години бил удрен во главата од коњ и поминал седум дена во кома. Во 1986, неговите родители се разделиле и тој најпрвин се преселил со неговата мајка во Армидејл, Нов Јужен Велс, а потоа во Елтам, Викторија, каде сè уште живее неговата мајка. Еванс го посетувал јавното училиште Њулинг во Армидејл и средното училиште Елтам во Мелбурн. Скејтот бил еден од неговите интереси во тинејџерските години. Неговиот татко го опишал како добар ученик, но од друга страна како обично дете, кои ги оставало своите играчки наоколу; „Ни во [моите] најлуди сонови“ не можел да се замисли дека неговиот син ќе стане врвен светски атлет.
Кариера планински велосипедизам
Еванс ја започнал неговата меѓународна кариера во 1995 како носител на стипендија во програмата за планински велосипедизам на Австралискиот институт за спорт, со тренерот на велосипедската програма на АИС Дамјен Грунди, а од 1998 со тренерот за друмски велосипедизам Хајко Залцведел. Тестовите покажале дека Еванс поседува ретка комбинација - необичен волумен на белите дробови и капацитет да вдиши повеќе кислород со секој вдишување отколку 99,9 проценти од населението. Оваа способност му го донела прекарот „Дробови“.
Освоил бронзени медали на Светското јуниорско првенство во планински велосипедизам и Светското јуниорско хронометарско првенство во 1995 и сребрени медали на Светските првенства под 23 години во 1997 и 1999. Ја освоил дисциплината крос-кантри на Светскиот куп во планински велосипедизам во 1998 и 1999. Во 1998, Шејн Банан му бил тренер за категориите под 23 години.
Во 1997 возел за екипата во планински велосипедизам Дајамондбек, и потоа за Волво-Канондале.
Префрлање на друмски велосипедизам
Во летото 2000 по консултација со Микеле Ферари под менаџмент на Тони Ромингер, Еванс целосно се префрлил на друмски велосипедизам.
Тој возел за Саеко (2001), Мапеи (2002) и Тим Телеком (2003–2004). Во Мапеи бил трениран од Алдо Саси, кој му помогнал подобро да се адаптира од планински велосипедист на возеч на големите трки. По смртта на Саси во 2010 од рак, Еванс ја продолжил соработката со неговиот заменик Андреја Морели. По освојувањето на Тур во 2011, Еванс ја посветил победата на неговиот тренер. Од сезоната 2005 му се придружил на Давитамон-Лото и дошол осми на неговиот прв Тур де Франс, првиот Австралиец во првите десет по Фил Андерсон.
мини|лево|Кедел Еванс вози во Бон, Германија во 2005
Други почетни успеси му биле победите во крајниот пласман на Трката околу Австралија на изданијата во 2001 и 2004, 14. на Џиро д’Италија 2002 (ја носел водечката маичка, Maglia Rosa еден ден), хронометарски првак на Комонвелтските игри во 2002, етапна победа на Тур Даун Андер 2002, петти на Трката околу Германија 2005 и освојувањето на планинскиот пласман на Тур Даун Андер 2006.
2006
Еванс го освоил Тур де Романди, победувајќи ги Шпанците Алберто Контадор и Алехандро Валверде на последната етапа, 20-километарскиот хронометар околу Лозана. Тој завршил петти на Тур де Франс, но подоцна бил прогласен за четврти по дисквалификувањето на првичниот победник Флојд Лендис, поради позитивен тест за допинг.
Еванс исто така бил прогласен за австралиски велосипедист на годината.
2007
На Тур де Франс 2007, Еванс завршил зад победникот Контадор. Ја освоил етапата 13 на која имало хронометар и бил втор на хронометарот на етапата 19. Еванс завршил четврти на Вуелта а Еспања 2007. Стигнал петти на Светското првенство и шести во последната трка од UCI ProTour, Џиро ди Ломбардија, обезбедувајќи ја титулата во UCI ProTour 2007 со 247 бода пред Давиде Ребелин и Алберто Контадор.
Тој повторно бил прогласен за австралиски велосипедист на годината.
2008
мини|Еванс на Заливскиот велосипедистички класик 2008
Еванс бил фаворит за победа на Тур де Франс 2008, бидејќи Контадор не можел да учествува поради тоа што неговата екипа Астана не била поканета на трката. Еванс ја носел жолтата маичка на етапите 10-14. Меѓутоа, на Алп д’Ез на етапата 17, Карлос Састре од Team CSC бил 2 минути и 15 секунди пред Еванс. На хронометарот на претпоследната етапа, Еванс требало да вози 1 минута и 34 секунди побрзо отколку Састре. Тој го победил Састре и се искачил на второто место, но заостанал 58 секунди зад него на крајот на Тур.
Додека се опоравувал од пукнат преден лигамент, Еванс се натпреварувал на машката друмска трка на Олимпијадата во Пекинг, завршувајќи 15., 22 секунди зад Самуел Санчес. Се пласирал петти на друмскиот хронометар четири дена подоцна.
2009
Еванс ја освоил друмската трка на Светското првенство во Мендрисио, Швајцарија на 27 септември. Победата дошла кратко по неговото трето место на Вуелта а Еспања, каде ја носел и златната маичка еден ден, иако неговата трка била нарушена од механички проблеми на планинската завршница на Сиера Невада. Комбинација од слабата поддршка од екипата и слабата форма ја нарушиле неговата кампања на Тур де Франс 2009 и тој бил во можност да заврши само на 30. место, 45 минути зад победникот Алберто Контадор. Исто така, забележал победи на Критериум ду Дофине Либере и Сетимана интернационале Копи е Бартали.
Сезоната го направила Еванс да биде еден од најуспешните велосипедисти од Австралија со две места на подиум на Тур де Франс. Тој бил во групата на елитни велосипедисти, кои ги носеле сите три водечки маички; розовата маичка на Џиро д’Италија во 2002, жолтата маичка четири дена на Тур де Франс 2008 и златната маичка на Вуелта а Еспања во 2009. Тој бил прогласен за австралиски велосипедист на годината по третпат.
Имало многу шпекулации на крајот на сезоната 2009, дека Еванс бара нова екипа, која подобро ќе го поддржува на Тур 2010. Откако Еванс станал светски првак, тој целосно се посветил на помагање на неговиот колега Филип Жилбер. На многумина, ова било доказ за посреќна врска помеѓу Еванс и Сајленс-Лото. Меѓутоа, потоа било објавено дека Еванс ја напушта екипата, додека екипата неговата причина за заминување ја гледало во „барање нови предизвици“.
Биографијата, Кедел Еванс: Близу до летање, била објавена од Hardie Grant Books во ноември 2009.
2010
мини|десно|Еванс на екипната презентација на Тур де Франс 2010
Во 2010, Еванс заминал во екипата . Тој имал успех на Флеш Валон 2010 и ја носел розовата маичка по етапата 2 на Џиро д’Италија 2010. Еванс ја освоил седмата етапа на Џиро д’Италија со доминантен спринт пред мала група. Еванс завршил 5. во генералниот пласман, освојувајќи го Maglia Rosso Passione (бодовен пласман) и пласманот Аѕури д’Италија. Еванс исто така ја носел жолтата маичка на етапата девет на Тур де Франс 2010, додека возел со фрактура на неговото лево колено предизвикана од падот на претходната етапа. Загубил многу време во однос на водачите во текот на етапата девет, при што ја загубил жолтата маичка и борбата за победа на трката. Ја завршил трката на 26. место, 50 минути и 27 секунди зад Алберто Контадор.
2011
Еванс имал многу успешен почеток на 2011, освојувајќи етапата 6 и генералниот пласман на Тирено-Адријатико и генералниот пласман на Тур де Романди, обете дел од Светската турнеја. Пропуштајќи го Џиро, Еванс се подготвувал за Тур де Франс 2011 на Критериум ду Дофине, каде завршил втор, една од главните трки за подготвување на Тур.
Еванс завршил втор на етапата 1 на Тур де Франс и ја освоил етапата 4, втората етапна победа на Тур де Франс во неговата кариера. Потоа, Еванс водел во планинскиот пласман по етапата 4 еден ден. Како трката продолжувала Еванс сè повеќе ги бркал бегството со цел да го зачува неговото петто место во генералниот пласман и да ги одржи временските разлики, кои се верувало дека ќе ги надомести на поединечниот хронометар на етапата 20. Во текот на етапата 19 на Тур, Еванс бил присилен да го брка бегството, каде биле присутни и кандидати за генералниот пласман и предводена од трикратниот првак Алберто Контадор. Меѓутоа, тој доживеал механички проблеми и бил присилен да го смени велосипедот. Тој повторно ја терал групата да ги достигне членовите на бегството, чувајќи се себеси во рамките на пристојно растојание за победа во генералниот пласман, на само една минута зад Енди Шлек.
мини|лево|Еванс ја носи жолтата маичка на последната етапа на Тур де Франс 2011
На хронометарот, последната етапа пред Париз, Еванс го преземал водството во генералниот пласман за 1' 34" откако завршил втор на етапата, победувајќи го претходниот водач на трката Енди Шлек за 2' 31". Со победата станал првиот Австралиец, кој го освоил Тур де Франс и најстариот, кој победил во генералниот пласман во повоената ера. Победата на Еванс била прославена во неговата татковина со повици за национален празник, додека неговата победа била споредувана со онаа во Американскиот куп 1983, која била сметана за најголемо спортско достигнување на Австралија. Австралискиот премиер Џулија Гилард лично му телефонирала на Еванс да му честита, велејќи „Јас сакав да му честитам на Кедел Еванс. Имав можност утринава лично да зборувам со него и да му честитам. Верувам дека го вознемирив додека тој се обидуваше да дојде до убаво, топло бањење.”
Еванс самиот коментирал за неговата победа веднаш по трката, признавајќи дека бил несигурен, како неговата победа ќе се почувствува во Австралија, изјавувајќи дека „Немав време да мислам за тој аспект, да бидам искрен. Тоа е долг, долг процес и ќе одземе многу време да видиме што тоа значи. Секогаш неколку луѓе веруваа во мене и тие се луѓето кои најмногу ми значат. Ние успеавме. Беше вистинско задоволство во изминативе три недели”. На парадата во татковината по неговото враќање во Австралија, стотици илјади луѓе биле присутни, облечени во жолто и веејќи жолти знамиња во Мелбурн. Бил одржан и државен прием во негова чест.
2012
На почетокот на сезоната, Еванс го освоил генералниот пласман на трката Критериум Интернасионал, три етапна трка одржана во март. Тој бил победоносен на втората етапа, поединечен хронометар од 6,5 километри, и го задржал водството на третата и последна етапа, здобивајќи се и со маичката во бодовен пласман. Исто така, Еванс ја однел престижната победа на етапата 1 на Критериум ду Дофине откако нападнал на последниот спуст, фаќајќи ги и поминувајќи ги двајцата возачи, кои биле напред, Жером Копел () и Андреј Кашечкин (). Еванс завршил на третото место во генералниот пласман, но ја добил маичката за бодовниот пласман.
мини|upright|Еванс на етапата 9 на Тур де Франс 2012