Загориче — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Потекло на името

Името на селото доаѓа од личното име Загоро или Загора, веројатно од старословенскиот збор „гори“. Најверојатно доаѓа од името на првиот доселеник, што се претпоставува дека било Загурче.

Втората теорија е дека селото го добило името по тоа што било сместено зад една гора, Задгора или Задгориче.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Сретселото

Ова село се наоѓа во областа Железник, во крајниот јужен дел на територијата на Општина Демир Хисар, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Битола. Селото е рамничарско, на надморска височина од 674 метри. Од градот Демир Хисар е оддалечено околу 6 километри, додека од магистралниот пат Демир Хисар-Битола околу 1 километар.

Загориче се наоѓа по течението на реката Обедничица. Загориче се граничи со следниве села: со Стругово на север и на исток, со Утово на југ и дел со Лопатица (Општина Битола) преку некогашното село Чагор, со атарот на селото Крагуево (некогашно село) и со селото Кутретино на исток. Селото е оддалечено 7 километри од градот Демир Хисар, а од најблискиот поголем град, Битола, е оддалечено 26 километри на север.

Во 1958 година селото добило електрична енергија, во 1982 година водовод, а асфалтен пат од 1975 година.

Историја

Загориче се смета за стара населба, која е спомената во 1468 година во пописниот турски дефтер со името „Загориче“. Во селото имало 25 христијански семејства, од кои 3 неженети и 2 вдовици, со вкупно 130 жители. Селото плаќало 2.172 акчиња. Во 1568 година, селото имало 85 жители.

Во век, Загориче било село во Битолската Каза, нахија Демир Хисар, на Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот на селото е мал и зафаќа простор од . На него преовладуваат пасиштата на површина од 177,6 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 174,7 хектари, а на шумите 42,4 хектари.

Селото, во основа, има полјоделска функција.

Во селото се одгледуваат житни и полјоделски култури, од кои најмногу тутун. Исто така, се чува стока.

Во селото работат две продавници за колонијални стоки, две мали сточарски фарми и еден автопревозник. Во минатото имало воденица.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Загориче имало 140 жители, сите Македонци христијани.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 238. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Загориче имало 128 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Загориче се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 13 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.

Селото е мало и во 1961 година броело 247 жители, а во 1994 година 140 жители, македонско население.

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 115 жители, сите Македонци.

Денес, Загориче бележи мало зголемување и според неофицијални податоци има 140 жители, чиј број во текот на летото привремено се зголемува.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 94 жители, од кои 89 Македонци и 5 останати.

Родови

Загориче е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:

Староседелци: Шалевци (3 к.), Питроповци (1 к.) и Шубаковци (8 к.). Доселеници: Тркалевци (2 к.) и Кузевци (10 к.), доселени се од селото Обедник. Во родот Тркалевци се знае следното родословие: Пере (жив на 75 г. во 1951 година) Недан-Стојан-Нечо, кој се доселил; Подмолковци (2 к.), доселени се од селото Подмол кај Прилеп; Лачовци (2 к.), доселени се од селото Граиште, каде припаѓале на родот Распашновци; Журчановци (1 к.), доселени се од селото Журче; Клепачовци (1 к.) и Србиновци (1 к.), доселени се од селото Сопотница, родот Клепачовци подалечно потекло имаат од селото Клепач кај Прилеп; Апостоловци (3 к.), доселени се од селото Стругово и Бабинци или Здравевци (1 к.), доселени се од селото Бабино.

Општествени установи

Поранешно основно училиште, подрачно училиште на ОУ „Гоце Делчев“ - Демир Хисар, кое било заедничко со соседното село Утово

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лопатица, во која покрај селото Загориче, се наоѓале и селата Габаловци, Лисолај, Лопатица, Метимир, Облаково, Свињиште, Секирали, Стрежево, Утово и Црновец. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Загориче, во која влегувале селата Загориче, Обедник, Стругово и Утово.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0627 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во рамки на избирачкото место е опфатено и селото Утово.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 124 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Калуѓерска Река — црква од средниот век; и Куќиште — населба од доцноантичко време.

Цркви Црква „Св. Никола“ — селска црква, заедничка со соседното Утово

Споменици Споменик за паднатиот борец во НОБ - Стојко Огненовски

Редовни настани

Слави Св. Никола Летен (3 јуни) — селска слава

Иселеништво

Во текот на 1960-тите години се случило големо иселување на мештаните и се иселиле над 30 домаќинства, од кои најмногу во градовите Битола, Демир Хисар и Скопје, како и во европските и во прекуокеанските држави.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Демирхисарски села Категорија:Села во Општина Демир Хисар