Утово — село во Општина Демир Хисар.

Географија и местоположба Утово — село во општина Демир Хисар. Од градот Демир Хисар оддалечено е 8км јужно.

Историја Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Стопанство

Население На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Утово се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 6 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.

Во 2002 година во селото живееле 35 жители.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 34 жители, од кои 33 Македонци и 1 останат.

Родови

Утово е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:

Доселеници: Грујовци (3 к.) од Суводол по потекло. Од таму отишле во Сопотница, па во Бараково, и на крај дошле во Утово; Климчевци (3 к.) доселени се од селото Секирани кај Битола; Дуровци (3 к.) и Сиљановци (3 к.) доселени се од сега раселеното село Крагуево; Јошевци (3 к.), Цветковци (1 к.) и Цветановци (1 к.) доселени се од селото Слепче; Трапановци (1 к.) и Стојковци (1 к.) доселени се од селото Лесково; Гајдаровци (2 к.) доселени се од селото Вардино; Поповци (1 к.) и Џеладиновци (1 к.) доселени се од селото Боиште; Саитовци (1 к.) доселени се од селото Обедник.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 627 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Загориче.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 124 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности Трајко Огненовски, универзитетски професор и писател

Култура и спорт

Иселеништво Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1952 година:

Од Грујовци во: Русија (едно семејство од 1903 година), и во Романија (едно семејство од 1912 година).

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Демирхисарски села Категорија:Села во Општина Демир Хисар