Младински сектор на ФК Јувентус (познат уште како Јувентус Примавера) — претставува младинскиот систем на италијанскиот фудбалски клуб Јувентус. Младинскиот сектор на клубот е составен од различни тимови поделени по возрасни групи. Повеќето од тимовите тренираат на поранешниот главен полигон на првиот тим, Тренинг центарот на Јувентус, лоциран во селото Виново (14 км југозападно од Торино).

Младинскиот сектор е поделен на 11 екипи: „Примавера“ (под 20 години), „Алиеви“ (под 17), под 16, под 15, „Есордиенти“ (под 13), под 12, „Пулчини“ (под 11), под 10, под 9, под 8 и под 7 години. Во 2018 година, Јувентус го формирал својот резервен тим (под 23 години), кој се натпреварува во сениорскиот првенствен систем.

Примавера (под 20 години)

Примавера е главната екипа во младинскиот сектор на Јувентус и тука играат најталентираните играчи во младинските категории на клубот. Почнувајќи од сезоната 2012-2013, право научество во Примавера тимот имаат сите играчи кои се на возраст од 15 до под 19 години. Секоја сезона, во Примавера тимот шанса за проверка добиваат многу млади играчи од Италија и од странство кој доаѓаат на проби во Јувентус и оттаму ја бараат шансата за настап во првиот тим.

Тимот се натпреварува во Кампионато Примавера 1. Досега тие освоиле четири титули во првенството,Јувентус е четвртиот најуспешен клуб во историјата на Примавера првенството со четири освоени титули, единствено зад Торино, Интер (9) и Рома (6) според три во Примавера Купот на Италија и три Примавера Суперкупа.Official Italian youth cup since 2004 according to Тимот, исто така, се натпреварува на Турнирот во Вијареџо, каде доега има 9 рекордни титули, колку што има и Милан.

Во 2007 година, тимот на Јувентус до 19 години завршил како второпласиран во инаугуративното издание на Младинскиот куп на шампиони во Малезија, наменет да биде Светско клупско првенство организирано од Г-14; тимот ја претставувал најдобрата одбрана на турнирот со само два примени гола во шест натпревари. Во Младинската лига на УЕФА 2021-2022, Јувентус бил елиминиран по изведување на пенали од Бенфика во полуфиналето, што е нивниот најдобар пласман досега во натпреварувањето.

Играчи Моментален состав

Играчи кои играле за Примавера

Следува список на играчи кои играле во Примавера тимот на Јувентус и ја претставувале својата земја на репрезентативно ниво. Играчите во болд моментално играат за Јувентус.

Макс Виери Ангел Чибозо Симон Слуга Григорис Кастанос Хосе Севаљос Раман Чибса Анастасиос Донис Франц Бертин Хердур Бјергвин Магнусон Џанкарло Берчелино Роберто Бетега

Карло Бигато Џампјеро Бониперти Умберто Коломбо Џанпјеро Комби Доменико Кришито Алесандро Дел Пјеро Николо Фаџоли Џузепе Фурино Себастијан Џовинко Чиро Имобиле Моизе Кин

Клаудио Маркизио Доменико Марокино Карло Матрел Фабио Мирети Антонио Ночерино Рафаеле Паладино Карло Парола Пјетро Рава Енцо Роботи Томазо Роки Паоло Роси

Даниеле Ругани Лујџи Сартор Леонардо Спинацола Џино Стакини Џузепе Вавасори Абдулаје Бамба Кристијан Манфредини Марсел Бухел Викинтас Сливка Џанлука Лападула Виктор Будјански

Франк Кануте Ајуб Дауд Јакуб Хромада Андреас Исаксон Давиде Кјумиенто Анди Зеќири Кенан Јилдиз Сесар Пелегрин Кристијан Макун Илјос Зејтулаев Дин Хаусен

Тренери

Моментален тренерски штаб

Титули

Национални Кампионато Примавера : 4 1962-1963, 1971–1972, 1993–1994, 2005–2006 Примавера куп : 4 1994-1995, 2003–2004, 2006–2007, 2012-2013 Примавера Суперкуп : 3 (рекорд) 2006, 2007, 2013

Меѓународни Турнир Вијареџо : 9 (рекорд) 1961, 1994, 2003, 2004, 2005, 2009, 2010, 2012, 2016

Алиеви (под 17 години)

Алиеви тимот го претставува Јувентус во возрасната категорија под 17 години. Хиерархиски тоа е второто највисоко ниво во младинскиот погон на Јувентус, зад Примавера тимот, а се наоѓа пред тимот под 16 години и сите останати што следуваат после него. Се натпреварува во Национално првенство под 17 години.

Досега Алиеви тимот еднаш бил шампион на Италија во нивната возрасна категорија, во сезоната 2005-2006, кога во финалето ја победиле по изведување пенали. Покрај тоа, тимот бил крунисан за победник на меѓународниот турнир Маџони-Риги 5 пати, што е повеќе од кој било друг клуб, и го држи рекордот на настапи во тоа натпреварување со 24.

Моментален состав

Поврзано ФК Јувентус ФК Јувентус Некст Џен

Наводи

Надворешни врски Juventus F.C. Primavera Squad Juventus Soccer School website Primavera TIM Championship Primavera TIM Cup FIGC Scholastic & Youth Sector Italian youth championships and cups

Категорија:ФК Јувентус Категорија:Резервни тимови во Италија

it:Juventus Football Club#Settore giovanile