десно|мини|Групата на Трката околу Полска 2004.

Трката околу Полска (, ) — друмска велосипедска етапна трка. Се состои од седум или осум етапи и обично се вози на растојание од 1.200 километри во должина. Трката била првпат одржана во 1928 година. До 1952 година трката била одржувана повремено, но оттогаш е одржувана како годишна трка. До почетокот на 1993 година трката била отворена само за аматерски велосипедисти и најмногу од победниците доаѓале од Полска.

Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) оваа трка ја вброил како дел од UCI ProTour во 2005 година и дел од календарот на Светскиот ранкинг во 2009 година.

Историја

Првичната замисла на Трката околу Полска како повеќеетапна трка била правена по популарниот Тур де Франс. Предлогот за организирање на трката бил објавен од велосипедското здружение Варшава и спортскиот весник Пжеглад Спортови, издаван во Краков. Благодарение на нивната иницијатива, трката била одржана во летото на 1928. Историското прво издание на трката се случило од 7 до 11 септември 1928. 71 велосипедист се тркале на околу 1.500 километри - победник бил Феликс Вичек од велосипедскиот клуб Бидгошч.

До почетокот на Втората светска војна, трката била одржана четирипати, два од нив - во годините 1937 и 1939 - биле освоени од „тигарот на патиштата“ - Болеслав Напјерала.

Првите трки значајно се разликувале од денешните. Етапите биле многу подолги (чести на растојанија од 300 километри) и возачите постојано се здобивале со дупнати гуми на калдрмата и правеле паузи кај локалните ресторани.

По војната, идејата за велосипедско натпреварување околу Полска била повторно обновена. Во 1947, благодарение на соработката на полскиот велосипедистички сојуз, новинско-издавачката куќа „Чителник“ и група на новинари, трката била повторно активирана по осумгодишна пауза. Победник по само четири етапи и околу 606 километри (најкратката патека во историјата на трката) бил Станислав Гжелак (Трамвајарз Лоѓ). До 1993 не им успевало на организаторите на трката да добијат соодветен ранг за нивната трка. Ова било поради официјалниот став на властите и давањето предност на друга велосипедска трка - Мировната трка. Значајни моменти од тој временски период: триумфите на странските велосипедисти - Франческо Локатели (1949), Роџер Диркен (1960), Хосе Виехо (1972) и Андре Делкроа (од 1974), најдолгото издание на трката - 2.311 километри и 13 етапи (во 1953) и трикратниот победник Маријан Вјенцковски (1954–56), рекордот е постигнат и од Дариуш Барановски (1991–93).

Од 1993, Чеслав Ланг, сребрениот велосипедски медалист од Летните олимписки игри 1980 и победникот на Трката околу Полска 1980, ја преземал функцијата дикретор на трката. Благодарение на неговите постојани напор, трката сега е дел од календарот на Светскиот ранкинг.

Во 1997, во текот на конгресот на UCI во Сан Себастијан, трката била унапредена од професионалната категорија 2.4 и сега била класификувана како „национална трка“ (прва од таков вид во државите од Средна и Источна Европа).

На Светските првенства 1999 во Веројна, техничката комисија на UCI ја унапредил трката во класа 2.3. На 12 октомври 2001, на трката ѝ била доделена категоријата 2.2.

Во 2005 со одлука на UCI, Трката била вклучена во елитата на велосипедските трка - UCI ProTour. Составот на натпреварувањето биле три Гранд Тур: Џиро д’Италиа, Тур де Франс, Вуелта а Еспања, класичниот Светски куп, етапните трки од категорија 2.HC (н.п. Париз-Ница, Тур де Свис), класиците 1.HC (н.п. Флеш Валон) и Трката околу Полска, која била унапредена во 2 категории.

Низ претходните години - Чеслав Ланг, аматерската трка Коларска, позната главно во комунистичките земји, била трансформирана во добро организирана професионална трка. Ова ја довело трката во светот на врвните професионални трки со настапи на врвните ѕвезди во професионалниот велосипедизам, како Данило ди Лука (победник на ProTour 2005), Лорен Брошар (професионален светски првак од 1997), Оскар Фреир (светски првак 1999, 2001 и 2004), Романс Вајнштајнс (светски првак од 2000), Вјачеслав Екимов (олимписки првак 2000), Џанлука Бортолами (победник на Светскиот куп 1994), Ерик Декер (победник на Светскиот куп 2001), Стефано Гарцели (победник на Џиро д’Италиа 2000) или одличните спринтери: Андрус Ауга, Баден Кук и Даниеле Бенати.

Трката околу Полска четирипати била добитник на наградата „најдобар спортски натпревар на годината“, доделувана од весникот Пжеглад Спортови во 1995, 1996, 2004 и 2008.

Победници

ГодинаПобедник НационалностЕтапиРастојание2020 Ремко Евенепул 5 911,4 км2019 Павел Сиваков 6 1.036,2 км2018 Михал Квјатковски 7 1.014 км2017 Дилан Тенс 7 1.122 км2016 Тим Веленс 6 996 км2015 Јон Изагире 7 1.076 км2014 Рафал Мајка 7 1.255 км2013 Питер Венинг 7 1.238 км2012 Морено Мозер 7 1.231,6 км2011 Петер Саган 7 1.113,3 км2010 Даниел Мартин 7 1.256,5 км2009 Алесандро Балан 7 1.158 км2008 Јенс Фогт 7 1.258,6 км2007 Јохан Вансумерен 7 1.224 км2006 Штефан Шумахер 7 1.226 км2005 Ким Кирхен 8 1.246 км2004 Ондреј Сосенка 8 1.264 км2003 Чезари Замана 8 1.133 км2002 Лорен Брошар 8 1.273 км2001 Ондреј Сосенка 8 1.249 км2000 Пјотр Пжиѓал 7 1.164 км1999 Томаш Брозина 7 1.164 км1998 Сергеј Иванов 8 1.434 км1997 Ролф Јерман 8 1.499 км1996 Вјачеслав Джаванијан 8 1.346 км1995 Збигњев Шпрух 7 1.254 км1994 Маурицио Фондрист 7 1.110 км1993 Дариуш Барановски 12 1.794 км1992 Дариуш Барановски 8 1.149 км1991 Дариуш Барановски 8 1.222 км1990 Мјечислав Карлович 9 1.207 км1989 Марек Врона 8 1.271 км1988 Анджеј Мјежејевски 7 1.016 км1987 Збигњев Пјонтек 8 1.162 км1986 Марек Кулас 10 1.490 км1985 Марек Лешњевски 10 1.224 км1984 Анджеј Мјежејевски 9 1.219 км1983 Тадеуш Кравчик 9 1.147 км1982 Анджеј Мјежејевски 8 892 км1981 Јан Бжезни 9 1.195 км1980 Чеслав Ланг 10 1.282 км1979 Хенрик Чаруки 9 1.335 км1978 Јан Бжезни 11 1.415 км1977 Леснослав Михалак 10 1.460 км1976 Јануш Ковалски 10 1.499 км1975 Тадеуш Митник 10 1.440 км1974 Андре Делкроа 11 1.593 км1973 Луцјан Лис 12 1.512 км1972 Хосе Луис Виехо 10 1.194 км1971 Станислав Шозда 12 1.291 км1970 Јан Стахура 12 1.611 км1969 Војќех Матузијак 13 1.795 км1968 Јан Кудра 12 1.757 км1967 Анджеј Блавѓин 11 1.682 км1966 Јузеф Гавличек 10 1.272 км1965 Јузеф Бекер 9 1.318 км1964 Рајмунд Зјелињски 10 1.394 км1963 Станислав Газда 8 1.482 км1962 Јан Кудра 8 1.278 км1961 Хенрик Ковалски 8 1329 км1960 Роџер Диркен 8 1.336 км1959 Вислав Подобас 11 1.621 км1958 Богуслав Форналчик 11 2.038 км1957 Хенрик Ковалски 11 1.968 км1956 Маријан Вјенцковски 8 1.221 км1955 Маријан Вјенцковски 10 1.563 км1954 Маријан Вјенцковски 12 1.925 км1953 Мјечислав Вилчевски 13 2.311 км1952 Вацлав Вујцик 11 1.959 км1949 Франческо Локатели 12 1.994 км1948 Вацлав Вујцик 11 1.963 км1947 Станислав Гжелак 4 606 км1939 Болеслав Напјерала 8 1.291 км1937 Болеслав Напјерала 9 1.336 км1933 Јежи Липињски 9 1.721 км1929 Јузеф Стефањски 12 2.250 км1928 Феликс Вјенќек 8 1.491 км

Надворешни врски

Категорија:UCI ProTour трки

Категорија:Светски ранкинг на UCI Категорија:Светска турнеја на UCI