Кленоец — село во областа Копачка, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, на десната страна на патот Кичево-Охрид, во изворишното сливно подрачје на реката Треска. Селото е планинско, на надморска височина од 900 метри.

Куќите на ова мало село се наоѓаат на тераса висока околу 900 метри. Околни села се: Извор, Горна и Долна Душегубица, Попоец и други.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Каменица, Угар, Осој, Соколица, Лопушник и други.

Селото е од збиен тип. Се разликуваат Горно и Долно маало.

Селото Кленоец се наоѓа во областа Горна Копачка, на 15 километри југозападно од Кичево.

Историја

Во век, Кленоец било село во Кичевската Каза на Отоманското Царство.

Народното предание вели дека селото е доста старо. Но, и неговото население во текот на минатото се менувало. Остатоци од постарото население се црквиштата и гробовите.

Во историските извори, селото се споменува во 1476/77 година, кога имало 43 куќи.

Стопанство

Атарот е мал и зафаќа простор од 4 км2. На него шумите заземаат површина од 208 хектари, на пасиштата отпаѓаат 91 хектар, а на обработливото земјиште само 56 хектари.

Селото нема некоја значајна земјоделска функција.

Население

Според податоците од 1873 година, селото имало 34 домаќинства со 132 жители христијани (Македонци).„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.92-93.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селата Кленоец и Душегубица (Горна и Долна) имало 580 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 256. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Кленоец имало 160 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кленоец се води како чисто македонско село во Кичевската Каза на Битолскиот Санџак со 20 куќи.

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Кленоец:Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 75.

ДомаќинстваГурбетчииПисмениНеписменимажиженивкупномажиженивкупно34222502563119182

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.

Тоа е мало село, кое што во 1961 година броело 149 жители, а во 1994 година 22 жители, македонско население. Селото е во фаза на раселување.

Според пописот од 2002 година, во селото Кленоец живееле 21 жител, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 20 жители, од кои 19 Македонци и 1 лице без податоци.

Родови

Кленоец е македонско православно село. Во селото нема староседелски родови, односно сите родови се доселени од Дебарско.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:

Родовите во Кленоец се: Јаковчевци, Наумовци, Џунковци, Љакушовци, Танасковци, Лескаровци и Пампуровци.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Јаковчевци (10 к.), Наумовци (4 к.), Љакушовци (7 к.), Танасковци (8 к.), Лескаровци (8 к.) и Пампуровци (3 к.), сите доселени од Клења и слават Петковден.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Општина Извор, во која покрај селото Кленоец, се наоѓале и селата Горна и Долна Душегубица, Ехлоец, Иванчишта, Извор, Малкоец и Попоец.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0768 според Државната изборна комисија, сместено во училишната зграда во селото Извор.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 42 гласачи. На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 42 гласачи.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 40 гласачи.

Културни и природни знаменитости

мини|300п|десно|Главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка картаг на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Селиште — средновековна црква и некропола.

Цркви Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква.

Споменици Споменик на НОБ

Кленоец како тема во уметноста „Бре Кленовјанки бре кираџивки“ - македонска народна песна.Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 12.

Личности

Родени во Кленоец Стојан Милошев — македонски револуционер Злате Тренески (1916-2006) — југословенски и македонски партизан Спиро Стојанов Ѓорески — македонски револуционер од ВМОРО. Дејствувал во Копачка. Наум Дамјаноски — македонски револуционер од ВМОРО. Мисајло Данилов Аврамоски — македонски револуционер од ВМОРО. Мишко Дејанов Горески (Ѓорески) — македонски револуционер од ВМОРО. Мара Билбилоска (1920-1943) — поддржувач на македонските партизани, активист во НОВ Трајан Дејаноски (1914-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Ставре Ѓорески (1896-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Љубица Ѓореска (1916-) — учесник во НОВ на Македонија Дунавка Ѓореска (1897-) — цивилна жртва, во Втората светска војна, убиена од страна на балистите Ладомир Трајкоски (1893-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ

Починати во Кленоец Трајан Белев (1903-1943) — југословенски и македонски партизан Илија Сталески (1914-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ

Иселеништво

По Втората светска војна настанало иселување на бројни жители. Се иселиле повеќе од десет домаќинства. Една група од иселениците живеат во селото Другово, другите живеат во Кичево, но и на други места.

Галерија

Наводи

Поврзано Кичевско Поле Општина Другово Кичево

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кичевски села Категорија:Села во Општина Кичево