Лилјана (Љиљана) Николовска (24 август 1964, Сплит, СР Хрватска) — југословенска и хрватска пејачка од македонско потекло. Нејзиниот татко како воено лице се преселил во Хрватска од реканското село Битуше. Најпозната е како пејачка на сплитската група Магазин. Со групата Магазин снимила 7 (седум) албуми и се појавувала на многу компилации од 1982 до средината на 1990 година.
Од 1995 година године Лилјана е во брак со музичарот Пит Мазик, со кој има син. Живее и работи во Сан Педро, Калифорнија, САД.
Албуми: Коколо (1983) - 170.000 примероци О, ла, ла (1984) - 12.000 примероци Пиши ми (1985) - 380.000 примероци Пут путујем (1986) - 570.000 примероци Магазин (1987) - 630.000 примероци Бесане ноќи (1988) - 460.000 примероци Добро јутро (1989) - 380.000 примероци
Најбоље године (1991) - 430.000 примероци Најбоље године (1993) – непознат број на продадени примероци Сви највеќи хитови 1983 - 1990 – непознат број на продадени примероци Магазин-Сви највеќи хитови 1983 - 1990 (2003) Лет (1996) - непознат број на продадени примероци
Наводи
Надворешни врски
ПРВАТА ПЕЈАЧКА НА "МАГАЗИН" СЕ ВРАЌА ДОМА, ВО МАКЕДОНИЈА - Вест, 16 август 2010; Љиљана Николовска -Најдобриот ајвар доаѓа од Битуше - Утрински Весник, 12 декември 2010;
Категорија:Битуше Категорија:Македонски пејачки Категорија:Хрватски пејачки Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонци од САД Категорија:Македонци во Хрватска Категорија:Луѓе од Сплит