Во полулационата генетика, генетски фонд (генофонд) е целокупното множество на својствените алели кај видовите или популациите.
Опис Големиот генетски фонд укажува на голема генетска разновидност, што е одлика на здравите и издржливи популации што издржуваат епизоди на интензивна селекција. Малиот генетски фонд се одликува со мала генетска разновидностПогл. блискосродствено рамножување и ефект на тесно грло. што предизвикува намалена адаптивна вредност и зголемени изгледи за изумирање. Некаква предност е тоа што согласно генетското поместување, ова може да предизвика зголемување на физичката способност и издржливост, што може да ја стабилизира популацијата ако е прилично мала.
Кога сите единки во популацијата се идентични во однос на дадена фенотипска одлика, популацијата се нарекува „мономорфна“. Кога единките покажуваат повеќе варијанти на таа одлика, тогаш тие се нарекуваат „полиморфини“.
Поврзано Биоразновидност Основачки ефект Проток на гени Генетско поместување Популациона генетика Еволутивна биологија
Наводи
Надворешни врски Популациона генетика - Андријана Шокларовска Институт за имунобиологија и хумана генетика при УКИМ
Категорија:Екологија Категорија:Заштита на природата Фонд Категорија:Еволутивна биологија Фонд Категорија:Класична генетика