Копачин Дол (албански: Kopaçindolli; Копачиндоли, локално Kapizhdoll; Капиждол) — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 907 жители.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Долни Полог, сместено по горниот тек на реката Суводолица во северните склонови на планината Сува Гора. Селото е во близина на автопатот Тетово-Скопје и во близина на селото се Групчин, Чифлик и Ново Село.

Историја Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 166 муслимани (Албанци).Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212. Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Групчин и имало 36 куќи со 237 жители Албанци.Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.

Население

По Балканските војни е забележано со 224 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 907 жители, од кои 898 Албанци и 9 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 818 жители, од кои 753 Албанци, 1 останат и 64 лица без податоци.

Родови

Копачин Дол е албанско село.

Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се: Стогодин (10 к.) поалбанчени Македонци. Они се староседелци во селото; Раман (16 к.), Сирчек (18 к.), Русталар (5 к.), Качер (1 к.) и Ајредин (1 к.) сите доселени од Албанија.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2096 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 931 гласач. Личности Раметула Амети (1962 - 2001) - терорист, борец на ОНА;

Поврзано Полог Општина Желино Тетово

Наводи

Надворешни врски Сателитска снимка на Копачин Дол на Карти на Гугл

Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Желино