Зајас — село во Општина Кичево, во областа Кичевија, во околината на градот Кичево. До 2013 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина.

Географија и местоположба Зајас се наоѓа во северниот дел на областа Кичевија, на 10 километри северно од Кичево. Селото се наоѓа крај Зајаска Река. Името на селото на месниот дијалект е Зајаз (Zajaz).

Потекло на името Се смета дека името на селото доаѓа од долот (јазот) во кој се плакнело железото, а селото се наоѓало зад, па така е наречено зајаз, денес Зајас.

Историја Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) со 70 семејства, 9 неженети и 3 вдовици, сите христијани.Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.266

Според бугарскиот етнограф Васил К’нчов, Албанците во селото се населиле во XVIII векКънчов, Васил, Македония. Етнография и Статистика, София 1900, с. 95. Изворното население на Зајас било христијанско. Околу 1740 г. селото е албанизирано со населување или исламизација. Населените Албанци ги нападнале околните православни села и ги колонизирале. Такви се Црвивци, Бериково, Трапчин Дол и други К’нчов забележал дека во селото во 1900 година имало 2.150 жители Албанци.Кънчов, Васил, Македония. Етнография и Статистика, София 1900, с. 255 Слични ставови имал и рускиот филолог Афанасиј Селишчев во 1929 година.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.

Население На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Зајас се води како чисто албанско село во Кичевската Каза на Битолскиот Санџак со 400 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.750 Албанци.

Според пописот од 2002 г. во Зајас живееле вкупно 4.712 жители, од кои: Македонци - 4 Албанци - 4682 Срби - 4 останати - 22

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.567 жители, од кои 1 Македонец, 2.449 Албанци и 117 лица без податоци.

Родови Како едни од најстарите албански родови во селото се споменуваат родовите: Думовци, Џаковци, Лимановци и Браовци, сите заедно имаат околу 240 куќи. Доселени се од споменатата област Мат (во северна Албанија) кон крајот на 18 век.Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 9 стр.

Зајас е албанско село.

Родови во селото се:

Во Џума маалото се следните родови: Думовци, Лановци, Џаковци, Лимановци, Браовци, сите имаат околу (240 к.) куќи. Предците на споменатите родови се доселиле кон крајот на XVIII век. Во родот Думовци се знае следното родословие: Мустафа (жив на 51 г. во 1961 година) Асан-Муарем-Реџеп-Садик-Муарем, основачот на родот кој се доселил. Во Теќе маалото се следните родови: Томај, Јаовци, Пирковци и Коџовци, сите заедно имаат (117 к.), предците на споменатите родови се доселени кон крајот на 18ти или почетокот на XIX век. Во родот Пирковци се знае следното родословие: Медија (жив на 62 г. во 1961 година) Велија-Усејин-Велија-Усејин, се доселил таткото на Усејин. Во Челиковци маалото е родот Челиковци (40 к.) основачот на родот е доселен кон крајот на 18ти или почетокот на XIX век. Во Туфковци маалото е родот (10 к.) основачот на родот е доселен кога и другите родови.

Сите албански родови имаат потекло од областа Матија во Албанија.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 814, 815, 816, 816/1 и 819 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 4.171 гласач.

Личности

Али Ахмети — политичар, водач на ДУИ Муса Џафери — политичар од ДУИ

Поврзано Кичевско Поле Општина Зајас Кичево

Наводи

Надворешни врски Сателитска снимка на Зајас на Карти на Гугл

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кичевски села Категорија:Села во Општина Кичево