Извршниот совет на Народното Собрание на СР Македонија од 1974 е формиран на 8 мај 1974 година. Ја врши својата функција до 28 април 1978 година, кога е избран нов состав на Извршниот совет.

Состав на Извршниот совет Составот на Извршниот совет е следниот:Службен весник на Социјалистичка Република Македонија 22/1974, 4-5 стр.

претседател Благој Попов членови: Методија Стефановски, републички секретар за народна одбрана Мирко Буневски, републички секретар за внатрешни работи Горѓи Цаца, републички секретар за правосудство Владимир Митков, републички секретар за законодавство и организација Љупчо Копровски, републички секретар за образование и наука Живко Василевски, републички секретар за култура Радуле Костовски, републички секретар за информации Јездимир Богдански, републички секретар за здравство и социјална политика Душко Ѓорѓиев, републички секретар за труд Ристо Филиповски, републички секретар за финансии Александар Донев, републички секретар за индустрија и трговија Јанко Лазаревски, републички секретар за земјоделство и шумарство Асан Керим, републички секретар за економски односи со странство Александар Варналиев, републички секретар за сообраќај и врски Томислав Папеш, републички секретар за урбанизам, станбени и комунални прашања Павле Тасевски, директор на Републичкиот завод за општествено планирање Трајче Грујоски Вера Димитрова Андон Макрадули Стојан Маткалиев Ружа Панова Сејфедин Сулејмани Вулнет Старова Васил Туџаров Милан Хорват

Реконструкции на Извршниот совет На 15 јули 1975 година Андон Макрадули е разрешен од функцијата член на Извршниот совет поради заминување на друга функција,Службен весник на Социјалистичка Република Македонија 27/1975, 6 стр. а на 30 септември 1975 година генерал-мајорот Миле Арнаутовски е избран за член на Извршниот совет и републички секретар за народна одбрана на местото на генерал-мајорот Методија Стефановски.Службен весник на Социјалистичка Република Македонија 35/1975, 1-2 стр.

Извори

1974