„Непалски“ е името и на неварскиот јазик.
Непалскиот јазик () е јазик од групата индоариски јазици во рамките на индоевропското семејство.
Претставува службен јазик и лингва франка во Непал, но се говори и во Бутан, Делови од Индија и делови од Мјанмар (Бурма). ВО Индија, непалскиотужива статус на службен јазик во сојузната држава Сиким и округот Дарџилинг во Западен Бенгал. Неговото влијание е забележливо во Бутан и извесни делови од Бурма. Низ историјата, јазикот се развивал во содејство со околните јазици од тибетско-бурманското семејство, од кои поважна улога одиграле кирантскиот и гуруншкиот, поради што непалскиот има влијанија од истите.
Во минатото, јазикот најпрвин се нарекувал каскура (говор на „касите“, т.е. оризари), потоа гуркали (говор на Гурките), за на крај да биде наречен непали („непалски“). Други називи се парбатија („планински јазик“, говор на народот Парбатија во Непал) и лоцамика („јужен јазик“, говор на народот Лоцампа во Бутан).
Писменост и книжевност Непалскиот денес се пишува со писмото деванагари, како хинди и санскрит. Во извесен период се користело писмото такри, особено во западен Непал, Утараканд и Химачал Прадеш. Други постари писма што некогаш биле во употреба се буџимол (автохтоно непалско писмо) и ранџана.
Јазикот развил значајна книжевност за краток период во XIX век, поттикнат од дела како Адјатма Рамајана, Сундарананда Бара (1833); Бирсика (анонимна збирка на народни приказни) и верзија на јужноазискиот еп „Рамајана“ од поетот Банубакта. Јазикот се издигнал на светско ниво благодарение на делата на тројца книжевници: Лекнат Пудјал, Лаксми Прасад Девкота и Балкришна Сама. Значаен придонес имаат и авторите што живеат во странство, особено оние од Дарџилинг и Ванараси во Индија. Во последно време се јавуваат и истакнати писатели од дијаспората во Европа, Америка и другите азиски земји.
Поврзано Јазици во Непал Непалски календар
Наводи
Литература , . . (2000), , , । Schmidt, R. L. (1993) A Practical Dictionary of Modern Nepali. Turner, R. L. (1931) A Comparative and Etymological Dictionary of the Nepali Language. Clements, G.N. & Khatiwada, R. (2007). “Phonetic realization of contrastively aspirated affricates in Nepali.” In Proceedings of ICPhS XVI
Надворешни врски
Непалски разговорник - Википатување Материјали за изучување на непалски Како се пишува непалскиот јазик Непалски фонтови
Категорија:Индоариски јазици Категорија:Јазици во Непал Категорија:Јазици во Бутан Категорија:Јазици во Индија