Галороманските јазици се гранка на романското јазично семејство во која влегува францускиот и другите оилски наречја, окситанскиот, каталонскиот, франкопривансалскиот, галоиталските говориG.B. Pellegrini, "Il cisalpino ed il retoromanzo, 1993". See also "The Dialects of Italy, edited by Maiden & Parry, 1997 и други јазици (социолекти).
Други можни класификации Некои стручњаци го ставаат каталонскиотPierre Bec, La langue occitane, éditions PUF, Paris, 1963. стр. 49–50. заедно со окситанскиот во подгрупата на окситанскоромански јазици.Charles Camproux, Les langues romanes, PUF 1974. стр. 77–78.
Историска распределба Во минатото, разните галоромански јазици се говореле ширум Франција (со исклучок некои периферни подрачја),Места кајшто галороманските јазици не се говореле се Корзика, западна Бретања, Северна Баскија, Француска Фландрија, Алзас и делови од Лорена. во регионите Валонија во Белгија и Романдија во Швајцарија, на Каналските Острови, во делови од шпанските Пиринеи и во северна Италија.Bec, стр. 9–11.
Денес, во ова поголемо географско подрачје предоминира само еден галоромански јазик (францускиот) (вклучувајќи ги и поранешните неромански јазични подрачја во Франција), кој воедно се има проширено и во разни прекуморски земји. Друг јазик од оваа група (франкопровансалскиот) сè уште е застапен во автономниот регион Аостинска Долина (Италија). На Каналските Острови денес се говори претежно англискиот, кој е јазик од германското семејство.
Надворешни врски Галоромански јазици - Ethnologue
Наводи
Категорија:Романски јазици