Екипниот спринт за мажи на Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Велика Британија, се одржал на лондонскиот велопарк на 2 август.
Екипниот спринт започнал со квалификации, кога најдобрите осум екипи продолжиле во првото коло (4. против 5., 3. против 6., 2. против 7. и 1. против 8.). Четирите победнички екипи од првото коло се натпреварувале за медали, каде најдобрите две екипи се натпреварувале за злато, додека останатите две екипи се бореле за бронзата. Преостанатите екипи биле сместени од петтото до осмото место според времињата од првото коло.
Екипата на Велика Британија била составена од Филип Хиндс, Крис Хој и Џејсон Кени го освоила златниот медал со време од 42,6 секунди, рушејќи го светскиот рекорд. Франција го освоила сребрениот медал, а Германија бронзата.
Распоред
Сите времиња се според UTC+1 ДатумВремеКолоЧетврток, 2 август 2012 <b>16:15 <b>Квалификации и финале
Резултати Квалификации
МестоЗемјаВелосипедистиРезултатЗабелешка 1 Филип ХиндсКрис ХојЏејсон Кени 43,065 К, ОР 2 Грегори БожеМикаел ДалмеидаКевин Сиро 43,097 К, ОР* 3 Метју ГлецерШејн ПеркинсСкот Сандерленд 43,377 К 4 Сергеј БорисовДенис ДмитриевСергеј Кочеров 43,681 К, ОР* 5 Рене ЕндерсМаксимилијан ЛевиРоберт Ферстеман 43,710 К 6 Ченг ЧангсонгЏанг ЛеиЏанг Миао 43,751 К 7 Еди ДокинсИтан МичелСајмон ван Велтховен 44,175 К 8 Сеичиро НакагаваЈудаи НитаКазунари Ватанабе 44,324 К 9 Херсони КанелонСезар МарканоАнхел Полгар 44,654 10 Маќеј БјелецкиДамијан ЗјелињскиКамил Кучињски 44,712
К = квалификувани; ОР = олимписки рекорд Олимпискиот рекорд бил урнат најпрвин од Русија, потоа Франција (во истата група како Австралија) и на крајот во последната група од Велика Британија.
Прво коло
ГрупаМестоЗемјаРезултатЗабелешка 4 1 42,747 СР 3 2 42,991 ОР* 1 3 43,178 2 4 43,261 3 5 43,495 2 6 43,505 1 7 43,909 4 8 43,964
СР = светски рекорд; ОР = олимписки рекорд Франција го поставила олимпискиот рекорд во третата група, пред Велика Британија да го постави новиот светски рекорд во четвртата група.
Коло за медали
Натпревар заЕкипаВремеМесто злато 42,600 (СР) 43,013 бронза 43,209 43,355 4
Наводи
Екипен спринт за мажи