Пакет аранжман е музички албум издаден во 1981 година од загребачкиот Југотон. Изведувачите биле три белградски групи: Идоли, Шарло Акробата и Електрични оргазам. Продуцент на албумот бил Енцо Лесиќ, а сниматели во Белградското студио "Друга маца" биле Душан Васиљевиќ и Мирослав Цветковиќ. Омотот бил направен од Милинко Стефановиќ (насловната страница) и Горан Вејвода (внатрешната страна), а омотот уметнички го обработил Бранко Гавриќ.

Значење Овој албум важи за еден од најдобрите и најзначајните во југословенската рок музика, бидејќи со неоговото објавување започнува периодот на „новиот бран“ кој ја променил насоката на југословенската рок сцена во текот на осумдесеттите и деведесеттите години на дваесеттиот век.

Во книгата „ЈУ 100 - најдобрите албуми на југословенската рок и поп-музика“, Душко Антониќ и Даниел Штрбац албумот Пакет аранжман го сместиле на второто место на најдобри албуми веднаш по албумот на Идоли Одбрана и последни денови кој бил на првата позиција.

Песни на албумот # Изведувач Песна Траење 1 Идоли „Маљчики“ 3:22 2 Идоли „Пластика“ 1:44 3 Идоли „Schwule uber Europa“ 4:27 4 Идоли „Америка“ 8:12 5 Електрични оргазам „Крокодили долазе“ 3:09 6 Електрични оргазам „Златни папагај“ 2:07 7 Електрични оргазам „Ви“ 1:50 8 Шарло Акробата „Она се буди“ 4:00 9 Шарло Акробата „Око моје главе“ 2:45 10 Шарло Акробата „Мали човек“ 2:15 11 Шарло Акробата „Нико као ја“ 1:33

Поврзано Идоли Шарло Акробата Електрични оргазам

Категорија:Албуми