Диомидовите Острови ( или острова Гвоздева, ) — целина од два карпести острова:
Мал Диомид (Little Diomede) им припаѓа на САД (Алјаска). На руски се нарекува остров Крузенштерна, а ескимското име е Ignaluk) Голем Диомид (остров Ратмана) ѝ припаѓа на Русија (Чукотски автономен округ). На ескимски се нарекува Imaqliq или Inaliq, а англискиот назив е Big Diomede.
Диомидовите Острови се наоѓаат во средината на Беринговиот Проток помеѓу Алјаска и Сибир. На север е Чукотското, а на југ е Беринговото Море. Островите разговорно се нарекуваат „Денешен Остров“ (Големиот Диомид) и „Вчерашен Остров“ (Малиот Диомид) бидејќи Голем Диомид е 21 час понапред од Малиот Диомид.
Островите се наречени по маченикот Свети Диомид, чија слава паѓа на денот кога данскиот морепловец Витус Беринг во служба на руската морнарица ги забележал пловејќи по морето.Житија: Светиот маченик Диомид - МПЦ
Местоположба Помеѓу островите се протега границата на двете земји, како и меѓународната датумска граница. Границата е оддалечена околу 2 км од секој остров и лежи на местоположба 168°58'37" ЗГД. Во најтесниот тел, растојанието меѓу островите изнесува 3,8 км. На западната страна на Малиот Диомид се наоѓа селото Дајомиди (Diomede), кое мештаните го нарекуваат Иналик (Inalik).
Големиот Диомид се смета за најисточна точка на Русија.
Овие острови често се споменуваат како места низ кој би поминувал идејниот мост или тунел преку Беринговиот Проток што треба да ги поврзе Русија и Америка.
Зиме помеѓу островите се протега мост од мраз, што овозможува преминување од САД во Русија (и обратно) одејќи пешки.
Поврзано Меѓународна датумска граница Чукотски автономен округ
Наводи
Надворешни врски
Слики од островите Мал Диомид Proposed Trans-Global Идејна автомагистрала и тунел Мрежна камера : „поглед кон иднината“ (од Малиот кон Големиот Диомид)
Категорија:Острови во Алјаска Категорија:Острови на САД Категорија:Острови во Русија Категорија:Берингово Море Категорија:Меѓународни архипелази