Алат е помошно средство со кое рачно или машински се обработуваат материјалите. Со алатките полесно, побрзо и попрецизно се работи. Алатките овозможуваат изработка на многу сложени производи. Постојат голем број на алатки за најразлична намена. Алатките може да бидат едноставни, но и многу сложени.
Поделба Примената и развојот на алатите непосредно се поврзани за антрополошкиот развој на човечкото општество и цивилизација. Основната цел е да се олесни и забрза работата. Посебен замав во развојот на алатите се случил со почетокот на масовното производство на различни уреди и опрема (на пример, автомобили).
Поделба според материјалот и дејноста Според материјалот кој се обработува и дејноста, алатот може да се подели на: алат за обработка на метал алат за обработка на дрво алат за обработка на полимери алат кој се употребува во градежништвото алат кој се употребува во земјоделието друг алат: за домаќинство, за златарски работи, кројачки занаети, фризерски занаети, ...
Поделба на алатот во машинството Општа поделба на алатот во машинската струка: резен алат, во директен допир со материјалот го обликува производот (глодало, нож, ...) алат за стегање, посредува помеѓу резниот алат, материјалот за обработка и машината, со што влијае на обликувањето на производот (стеги, стезни глави, ...) мерни инструменти, служат за мерење и контрола во текот на обработката (либела, метро, вагрес, микрометар, шублер, шестар, мерни плочки, мерни ливчиња, ...) алатот за рачна обработка (клешти, клучеви, одвртки, турпии, ...) рачен алат со сопствен погон (електрична рачна дупчалка, брусилка, полирка, ...)
Поделба според начинот на користење и набавка стандарден алат, се купува слободно на пазарот и како таков се употребува, служи за општа употреба, стандардизиран е по квалитет и димензии (на пример: нож, глодало, сврдел, клуч, ...) типизиран алат, изработен е со висок степен на спремност за употреба но не може веднаш да се употреби без претходна доработка или доградба. специјален алат, не може да се купи слободно на пазар, потребно е да се направи или нарача, служи за изработка на конкретен произбод (пример направи за бушење и монтажа, шаблони за сечење и обликување, калапи за лиење на полимери и сл.)
Алатот како тема во уметноста и во популарната култура „Сребрениот чекан на Максвел“ (англиски: Maxwell's Silver Hammer) — песна на британската рок група Битлси од 1969 година.DISCOGS, The Beatles – The Beatles (пристапено на 27.6.2019) „Божествен чекан“ (англиски: Divine Hammer) — песна на американската рок група Бридерс (The Breeders) од 1993 година.Discogs, The Breeders – Last Splash (пристапено на 24.8.2020) „Секирче“ (англиски: Small Axe) — песна на Боб Марли енд д Вејлерс (Bob Marley and the Wailers) од 1973 година.Youtube, Bob Marley - Small Axe (пристапено на 15.5.2019) „Внимателно со секирата, Јуџин“ (англиски: Careful With That Axe Eugene) — песна на британската рок-група Пинк Флојд (Pink Floyd) од 1969 година.Youtube, Pink Floyd - Careful With That Axe Eugene (пристапено на 15.5.2019) „Најмекиот чекан“ (англиски: The Softest Hammer) — песна на американската рок група fIREHOSE од 1989 година.DISCOGS, fIREHOSE – fROMOHIO (пристапено на 24.6.2021)
Наводи
Категорија:Опрема Категорија:Турцизми