Галиште — село во Општина Кавадарци. Денес нема жители.
Географија и местоположба Селото е сместено во источниот дел на областа Тиквешко Мариово, на надморска височина од 740 м. Има многу голем атар кој зафаќа површина од . Се претпоставува дека во постаро време Галиште се наоѓало на друго место поради положбата на црквата „Св. Атанасиј“.
Околу возвишението на селото течат потоци кои подолу ја образуваат Галишка Река, која пак тече во јужен правец и завршува како притока на Црна на јужната атарска граница.
Историја Подрачјето на Галиште е населено уште од доцната антика, за што сведочат археолошките наоѓалишта во околината.
Меѓу околното население постои легенда за основањето и настанокот на името на селото, која вели дека во некое многу дамнешно минато во овој крај живееле тројца браќа: Гале кој заминал преку Трибор и го основал Галиште, Вито кој се населил и го основал Витолиште и Раде кој заминал преку Дрен Планина и го основал Радобил.Според кажување на мештани на Витолиште. Забележал Марио Шаревски на 24 мај 2015 г.
Следат османлиски пописни податоци за Галиште од XV и XVI век кои го покажуваат растот на селото според бројот на неговите домаќинства: Статистички документ Домаќинства Неженети Вдовици Годишен приход Дефтер бр. 4 од 1476/77 г. 4 152 Дефтер бр. 16 од 1481/82 г. 5 187 Дефтер бр. 73 од 1519 г. 26 4 1 1363 Дефтер бр. 149 од 1528/29 г. 37 1 1425 Дефтер бр. 232 од 1544/45 г. 30 5 1015
Во XIX век Галиште било чисто македонско село во Рожденската нахија (Мариово) на Тиквешката Каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Галиште (Galischté) било село со 49 домаќинства, сочинети од 232 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 80 - 81. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Галишта имало 700 жители, сите Македонци христијани.
За народните носии во селото мариовскиот војвода Васил Балевски напишал:
Стопанство Галиште има полјоделско-шумарско стопанство. Според податок од 1998 г. селото располага со 4.011,7 ха шуми, 155,3 ха обработливо земјиште и само 16,7 ха пасишта.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.
Иако порано било релативно големо село, Галиште почнало да се раселува во XX век, така што веќе по Втората светска војна имало значително помалку жители. Намалувањето на населението продолжило и понатаму, при што најдраматичниот пад се случил во 1970-тите, сведувајќи се од 292 жители во 1971 на само 15 жители во 1981 г. Во следните периоди имало по двајца жители, а според пописот од 2002 година, Галиште веќе немало ниеден жител. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Атанасиј“, изградена на крајот од XVII век
Археолошки наоѓалишта Галиште — депо на монети од средниот век Градиште - Грамаѓето — населба од доцноантичко време и средниот век Карарица — утврдување од средниот век Равен — утврдување од средниот век Ќелиите — кула од средниот век Убче — населба од доцноантичко време Црепиште — депо на монети од доцноантичко време Црквиште — утврдена населба-збег од доцноантичко време
Личности Личности родени во Галиште: Никола Ѓелев - симпатизер на народослободителната војска на Македонија. Геле Галишки - Коџабашијата (? - 1904) — македонски револуционер, тиквешки војвода на МРО Личности починати во Галиште:
Димката Ангелов Габерот (1916-1943) — македонски партизан, учесник во НОБ на Македонија.
Иселеништво Според истражувањата направени во 1920-тите, родови со потекло од Галиште има во следниве населени места во тиквешкиот и мариовскиот крај:Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. Београд, 1924 Бегниште: Кулевци (1 куќи) Беловодица: Баба-Брезкинци (1 куќа) потекнуваат од домазет Стојан кој дошол од Царевиќ во 1910 г., а таму неговиот род е доселен од Галиште Бојанчиште: Лазовци (1 куќа) доселени најпрвин во Полошко Драдња: Дипиновци (6 куќи) Праведник: Марчевци (4 куќи; наречени и Мијаилевци и Јуруковци), доселени во XIX век
Наводи
Надворешни врски
Галиште (Galiste) село во Тиквешко Мариово — Итар Пејо
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кавадаречки села Категорија:Села во Општина Кавадарци Категорија:Раселени села во Македонија