Праведник — село во Општина Кавадарци.

Географија и местоположба Праведник — село во општина Кавадарци. Од градот Кавадарци селото е оддалечено 20км југозападно.

Историја десно|200п|мини|Спомен-чешмата На 15 мај 1990 година била изградена спомен-чешма во чест на загинатите борци за време на НОБ: Герасим Николов, Перо и Ристо Гелеви. Стопанство

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.

Во 2002 година селото било целосно напуштено. Според последниот попис од 2021 година, во селото исто така немало жители.

Во 2022 е регистриран еден жител со постојано место на живеење и со над 100 грла крупен и мал добиток. Исто така е регистрирана обнова на селото, фрескописот на црквата, патот од Шешково до Праведник и др. До селото води електрична мрежа и водовод. Се градат викендици.

Родови

Праведник било македонско село.

Според истражувањата од 1920-тите, Родови во селото биле:

Староседелци: Царовци (4 к.), Настовци (1 к.), Јанџиковци (4 к.), Трипуновци (3 к.), Босилковци-Галабовци (2 к.), Ристовци-Митровци (4 к.) и Ризовци (4 к.) Доселеници: Трповци (3 к.) доселени од селото Добротино во XVIII век: Мрковци (3 к.) доселени од селото Стрмашево во XVIII век: Степановци (1 к.) доселени од селото Клиново во Мариово во XIX век: Марчевци (4 к.) доселени од селото Галиште во XIX век. Познати се уште како и Мијаилевци и Јуруковци: Кошанци (1 к.) доселени од селото Кошани: Дупиновци (1 к.) доселени од селото Драдња, а поддалечно потекло од Мариово: Лазарковци (1 к.) доселени од селото Добротино: Мицевци (1 к.) доселени од селото Грбовец: Митревци (1 к.) доселени од селото Старавина во Мариово: Таневци (1 к.) доселени од Грбовец: Митревци (1 к.) доселени од Зборско во Меглен, преку селото Полошко.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости десно|200п|мини|Црквата „Св. Спас“

Археолошки наоѓалишта Корита — населба од доцноантичкото време; Краставец — населба од римското време; Полошко I — населба од доцноантичкото време; Полошко II — населба од доцноантичкото време; и Полошки Манастир — населба од доцноантичкото време.

Цркви Црква „Св. Спас“, селската црква Црква „Св. Ѓорѓи“, манастирската црква во денешниот атар на Праведник, во минатото на поранешното село Полошко

Редовни настани

Личности Личности родени во Праведник:

Митра Митрова Давчева — учесник во НОВ на Македонија Дена Николова Јованова — учесник во НОВ на Македонија

Култура и спорт

Иселеништво

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кавадаречки села Категорија:Села во Општина Кавадарци

Категорија:Раселени села во Македонија