мини|280п|десно|Вајле — главен град на регионот мини|280п|десно|Општини во рамките на регионот

Јужна Данска или Јужен Јитланд () — еден од 5-те региони на Данска, сместена е во јужниот дел на државата. Управното седиште на регионот се наоѓа во градот Вајле, додека најголем град е градот Оденсе.

Положба и граници на регионот Јужна Данска ги опфаќа јужниот и југозападниот дел на Данска и истовремено со значаен дел се простира и на копно и на острови. Тоа е и единствен дански регион кој има излез и на копнена државна граница (јужната граница на регионот, со Германија). Граници на округот се: север: Среден Јитланд исток: Зеланд преку Данскиот Проток југ: Германија (сојузнатата покраина Шлезвиг-Холштајн) запад: Северно Море.

Природни услови Регионот Јужна Данска со западниот дел се наоѓа на копно, т.е. на полуостровот Јитланд, додека со источниот дел се простира на повеќе острови. Најголем остров е островот Фин, втор остров по големина во Данска. Значајни се и островите Лангеланд, Алс и Ере, кои сите се на источниот брег, во рамките на Балтичко Море. Западниот брег (Северно Море) исто така е разгранет, но островите се значително помали. Тука се островите Реме, Манде и Фане. И копнениот и островскиот дел се претежно рамничарски, а надморската височина е до 80м (север на регионот). На даденото подрачје нема значајни водотеци. Во крајбрежното подрачје има доста мочуришта, додека поголем дел е под земјоделско одгледување.

Население Според последниот попис на населението од 2010 година, во регионот Јужна Данска живеат 1,2 милиони жители. Поголемиот дел од населението се етнички Данци, а населението е повеќе рурално, за разлика од државниот просек. Бројот на жители со германска етничка припадност е 15.000-18.000 жители.

Густина на населеност е близу 100 жит/км2, што е доста помала бојка од државниот просек (127 жит/км2). Островот Фин и источниот дел на копното е нешто подобро населен отколку западниот дел и помалите острови.

Општини во Јужна Данска Во Јужна Данска има 22 општини, и тоа: Асенс Билунд Варде Вејен Вајле Војенс Ере Есбјерг Кертеминде Колдинг Лангеланд Миделфарт Ниборг Нордфин Обенро Оденсе Свендборг Сенербор Тенер Фане Ферборг-Мидтфин Фредериција Хадерслев

Градови во Јужна Данска Значајни градови во регионот Јужна Данска, се: Оденсе Есбјерг Колдинг Вајле (главен град) Фредериција Сенербор Свендборг

Поврзано Вајле Оденсе

Надворешни врски

Портал на регионот Јужна Данска

Категорија:Региони во Данска Категорија:Држави и територии настанати во 2007 година