За други значења видете ја страницата за појаснување.
Славеј (порано: Александрово) — село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп.
Географија и местоположба Селото Славеј се наоѓа во Прилепско Поле. Покрај селото поминува регионалниот пат Р1306 Прилеп - Крушево - Сладуево.
Историја Селото Славеј е населено од времето на Првата светска војна. Првите жители пристигнале од охридско, а потоа и од Порече, Мариово и Егејска Македонија. Старото име на селото е Александрово.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.
Според пописот од 2002 година, во селото Славеј живеат 388 жители, 381 Македонец, 2 Срби и 5 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 379 жители, од кои 368 Македонци, 7 останати и 4 лица без податоци.
Родови
Родови во селото се:
Давиниќи (1 к.) и Миљанац (1 к.) најстари родови во селото, доселени се во 1922 година од Далмација во Хрватска, тие се Срби; во времето на Втората светска војна во куќите на иселените српски колонисти се населиле Македонци од Порече и Дебрца. А во 1947/48 година во селото се населиле и Македонци протерани од Егејска Македонија.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1519 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Мирче Ацев.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 309 гласачи.
Религија и култура Цркви Црква „Св. Илија“ — главната селска црква, изградена е во 1978 година, а осветена во 1994 година од митрополитот Преспанско-пелагониски Петар;
Археолошки наоѓалишта Врбјанска Чука — населба од неолитско време и средновековни јами;Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Прилепско Поле Општина Кривогаштани Прилеп
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Славеј на Карти на Гугл
Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Кривогаштани