Острилци — село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Стара куќа во селото
Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Крушево, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Демир Хисар. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 860 до 920 метри. Од градот Крушево е оддалечено 4 километри. Непосредно до селото минува регионалниот пат 1306.
Соседни села на Острилци се: Бирино од југоисток, Журче од југ, Растојца од запад, и градот Крушево, Долно Дивјаци и Арилево од север.
Историја
Со оглед на повеќе археолошки наоѓалишта во близина на селото може да се претпостави дека селото е стара населба, но и дека некогаш се наоѓало на друга местоположба.
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 11,3 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 832 хектари, на пасиштата отпаѓаат 176 хектари, а на обработливото земјиште 80 хектари.
Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.
Население
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Острилци имало 300 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240. Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Острилци имало 216 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 172-173.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.
Острилци е мало село, населено со македонско население. Во 1961 година броело 230, а во 1994 година 42 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото Острилци живееле 32 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 19 жители, сите Македонци.
Родови
Острилци е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:
Староседелци и доселеници од непознато потекло: Трајчевци (14 к.), Белевци (3 к.), Беговци (7 к.), Стојчевци (1 к.), Момировци (2 к.) и Илијовци (14 к.). Доселеници со познато потекло: Караџовци или Петревци (6 к.), доселени се од селото Сошани, Дебрца. Во Сошани им биле роднини, истоимениот род, во Острилци се доселил домазет. Го знаат следното родословие: Крсте (жив на 80 г. во 1952 година) Богоја-Кочо, предокот кој се доселил.
Општествени установи
Месна заедница
Самоуправа и политика
Во XIX век, Острилци било христијанско село во рамките на Битолската Каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Крушево, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Крушево.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крушево.
Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Крушевска градска општина, во која влегувале градот Крушево и селата Бирино и Острилци.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1193 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месна заедница.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 21 гласач. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 18 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Археолошки наоѓалишта Јовкова Килиба — некропола од средниот век; Старо Село — населба од доцноантичко време; Селиште — населба од доцноантичко време; и Стипварник — населба, некропола, рудник и топилница од доцноантичко време.
Цркви Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква.
Личности
Родени во или по потекло од Острилци Елисавета Георгиева Борисовска (р.1892 ) — учесник во НОВ на Македонија Јозо Т. Бошковски - Јон (р. 14 јануари 1933) — македонски поет, раскажувач, есеист, преведувач и сликар. Петар Т. Бошковски — македонски писател
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Крушевски села Категорија:Села во Општина Крушево