мини|224x224пкс|Кристина Тот Kристина Тот (унгарски: Tóth Krisztina), (1967, Будимпешта, Унгарија -) е современа унгарска писателка.
Животопис Kристина Тот е родена во 1967 година во Будимпешта. Студирала унгарска литература, а две години престојувала во Париз каде што добила стипендија. Од 1994 до 1998 година работела во Францускиот институт во Будимпешта. Во 1998 година започнала да се занимава и со изработка на витражи.Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 223.
Творештво Поетските и прозните дела на Тот се преведени на повеќе европски јазици, а нејзиниот расказ "Студен под" е објавен на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум".
Нејзини поважни дела се: Есенското палто се бранува (поезија), 1989 година Нишката на разговорот (поезија), 1994 година Лондонските мечиња (поезија за деца), 2003 година Баркод (кратки раскази), 2006 година.
Признанија Toт е добитничка на повеќе награди, како што се:Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 224. Споменицата "Миклош Радноти", 1989 година Наградата "Ѓула Иљеш", 1994 година Наградата "Тибор Дери", 1996 година Наградата "Атила Јожеф", 2000 година Наградата "Иштван Ваш", 2001 година Специјалната награда за поезија "Џузепе Ачерби", 2006 година Наградата "Шандор Мараи", 2007 година.
Наводи
Категорија:Унгарски писатели Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1967 година Категорија:Луѓе од Будимпешта